Очен проблем имав околу 16 години, диоптријата не беше и некоја баш голема (1.75 лево око, 1.50 десно) за далеку.

Најмногу ми пречеше носењето очила, а беспомошен без нив бев. Постојано ги носев и при вршење на мојата работа (инсталер на соларни системи за производство на струја) ми створи дополнителни проблеми, како и сончање на кожата од нивната рамка. Години поминаа од кога се решив за овој чекор за ласерска корекција на диоптрија, само прашање беше кога ќе ја направам.

За ласерската корекција разбрав од мои 16-17 години, но дека се прават во Турција и Србија а дека кај нас не. Кога слушнав дека се прават тука кај нас, само чекав добра цена и квалитетот на услугите што ги нудат кај нас да биде одобрен од многу пациенти.

Иако имав критики од сите страни, мојата сопруга, семејството, сепак се одлучив за интервенцијата. Не очекував таков прием во болницата – толку пријатно се чуствував со персоналот и со д-р Фанка Гилевска, сите беа супер пријателски и имаа разбирање за некои работи и сум премногу благодарен за се! Оваа болница за мене е синоним за доверба.

На денот на интервенцијата бев возбуден, но среќен зошто толку години го чекав овој момент. Помина се во ред, а следното утро кога стигнав во болницата бев среќен ко дете – пред да влезам во болницата прочитав реклама на голема далечина кое што не можев да го направам претходно ни со очилата!