
„Како човек кој речиси го заборавил животот кога не носел наочари, си велев еден ден ако најдам златна рипка наместо имот и пари и други богатства што обично луѓето ќе посакаат на прва, јас прво што ќе посакав е тоа да ми го врати видот. “
Валентин Николовски првично ја добил диоптријата во пубертет, меѓу осмо одделение и прва година. Како поранешен спортист – кошаркар му направило проблем ; „Кошот за мене биде нешто што се чувствува, а не што се гледа.“
Понатаму во животот претставувало проблем во војска, а веќе во животот на работата претставувал сериозен предизвик со постојано менување на наочари, било за сонце било за вид.
Пред еден месец во нашата болница му беше направена операција на катаракта, со вградување на мултифокални леќи со кои се овозможува вид на блиску, средина и далеку на кој начин се елиминира носење на очила за блиску и далеку доживотно.
„Но, еве овде во Систина Офталмологија освен диоптрија открија дека не е само тоа, туку дека имам почетна катаракта на левото око којашто причекавме извесно време да се стабилизира.“
По многу брз договор, д-р Билјана Костовска во ист ден ја направи операцијата на катаракта со вградување на мултифокални леќи на двете очи.
„Еден ден по операцијата, иако веќе од вчера тоа беше така, јас немам никакви проблеми и гледам како со наочари, би рекол. Вчера ме донесоа и ме земаа со кола од Систина Офталмологија. Денеска дојдов сам сабајле во 08:30 на контрола и ќе си одам сам возејќи го моето возило.“
После интервенцијата Валентин правеше редовни контроли и како што и сам изјави на неговата фејсбук страна: „Еден месец по успешна операција на катаракта со вградување мултифокални леќи, на контрола кај д-р Билјана Костовска. И нормално констатацијата е супер успешна операција и Тино повторно гледа како сокол. Фала многу доктор Билјана.“
Погледнете го видеото на Валентин каде објаснува за неговото искуство со операцијата на катаракта и искуството во нашата болница.