Катаракта (перде)

Катаракта или перде е една од најчестите очни болести кај лица во подоцнежни години. Катарактата се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години. Катарактата е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа во окото. Во некои случаи, кај почетната катаракта, видот може да се подобри со очила затоа што испакнувањето на леќата предизвикува миопизација (минус диоптрија), но со тек на времето и со напредувањето на заматувањето на леќата, очилата веќе не се корисни и единстевеното решение е операција на катаракта (перде).

Симптоми

Симптоми на катаракта се маинфестираат со заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, чести се и проблеите при читање, гледање ТВ и возење. Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болестии (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).

За да се избистри матната слика по операцијата на катаракта (перде), освен отстранувањето на катаракта, задолжително се вградува интраокуларна леќа. Точната калкулација на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид, така што го користиме најмодерниот компјутерски апарат „IOL Master“ за точна калкулација на јачината на леќата.


Во очната клиника „Систина Офталмологија“, може да го направите прегледот и интервенцијата во ист ден. Операцијата на катаракта е безболна, брза, сигурна и ефективна после која си заминувате дома, со отворени очи. Благодарение на врвната технологија, знаењето и искуството на нашите хирурзи, катарактата може да се реши за само 3 часа од кога ќе дојдете во клиниката.

„Систина Офталмологија“ дел од групацијата „Свјетлост“ има најголемо искуство во вградувањето на мултифокалните или „Symfony“ интраокуларни леќи со кои пациентот може да се ослободи од диоптријата и носењето очила. Со вградената „Symfony“ леќа пациентот без очила гледа добрo и на блиску, средина и далеку.

Операција на катаракта

Монофокални и торични леќи

Класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат после операцијата да гледате добро далеку без очила, но мора да носите очила за блиску (или обратно, зависи од вашата желба за вид). Монофокалните леќи може да бидат дизајнирани и како торични леќи, така што освен што се корегира диоптријата за далеку, се решава и астигматизмот (цилиндерот).

Мултифокални интраокуларни леќи

Со напредокот на технологијата, се развија и мултифокалните интраокуларни леќи кои имаат 2 или 3 фокуси, и му овозможуваат на пациентот добар вид на различни далечини без очила. Повеќето мултифокални леќи се бифокални. Овозможуваат добар вид на далечина и добар вид на близина, но нешто послаб вид на средина (80 -100 cm).

Најновата генерација на мултифокални леќи се трифокалните леќи, кои освен што добивате добар вид на близу и далеку, овозможуваат и добар вид на средна далечина, што е многу значајно за пациенти кои многу време работат на компјутер. Со помош на овие леќи, ќе можете без очила да читате весници и книги, да се бричите или шминкате, да гледате во телефон, да работите на компјутер, да гледате ТВ, да возите автомобил, да се бавите со спорт и да ги обавувате вашите секојдневни активности.

Предоперативен преглед за катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.
2.400,00

Ехографија/биометрија

1.200,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.
1.900,00

Yag ласер капсулотомија

Третман на секундарна катаракта. Цената се однесува на едно око.
5.000,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
48.500,00

Имплантација на монофокална леќа (SA)

Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
55.900,00

Имплантација на монофокална леќа (SN)

Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
67.500,00

Имплантација на монофокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.
92.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.
110.700,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.
123.000,00

Цените се изразени во денари.