Кристијан Теодореску (32) го направи прегледот за ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија Штип. Кристијан дошол во Македонија со својата сопруга, која е од Штип и сакал да го отстрани диоптерот. Кога слушнал дека во Штип се отвара Систина Офталмологија, не размислувале, веднаш го закажеле својот преглед. 

„Прегледот го направив во Штип кај д-р Тодорче Јосев и можам да кажам дека сум воодушевен од целиот тим. Детално прегледан и по разговорот со д-р Тодорче одлучив да ја направам интервенцијата за ласерска корекција на диоптрија.“

По прегледот Кристијан е пратен во Скопје за да ја изврши интервенцијата. 

„По прегледот бев испратен во Систина Офталмологија Скопје каде што интервенцијата беше брза и ефикасна. Докторите постојано се во комуникација со вас и целиот тим е постојано тука. Никогаш не си оставен сам.“

„Контролите ги правев во Штип кај д-р Тодорче Јосев и можам да кажам дека сега гледам се! Навистина преубаво искуство. Изберете ја Систина Офталмологија за вашите очи!“