Тодорка

Tодорка Грозданова-Бакева 39 години од Кавадарци, ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офтамологија. 

Од свои 11 години, Тодорка носи очни помагала. Како што влегува во периодот на тинејџерство, Тодорка почнува да носи контакни леќи и ги остава очилата на страна. 

„Проблемот започна кога не ги вадев моите контакни леќи. Буквално само спиев без нив. Хигиената која треба за одржување на контакните леќи е задолжителна. За жал, јас не обрнував голема внимание на моите контакни леќи и ми создадоа инфекција. Дојдов кај д-р Фанка да ме прегледа за да направам ласерска корекција на диоптрија.“

doktor-pacient-ocna-bolnica-ordinacija

Рожницата на Тодорка од преголема употреба на контакните леќи почнала да се искривува односно да се прилагодува на самата контакна леќа.

„Бев приморана да носам очила, за да ми се опорави рожницата. Периодот со маска и носење очила за мене беше поразувачки. Многу влијаеше на мојата психичка состојба и како професор по англиски јазик, децата постојано ги истакнуваа очилата.“

Тодорка: „Кога д-р Фанка ми кажа дека рожницата ми се опоравила и дека можам да направам ласерска корекција на диоптрија, на мојата среќа и немаше крај. Во животот освен моите деца, ништо не сум чекала така како интервенцијата. Кога дојде денот за интервенција бев толку среќна што цел медицински персонал ми се чудеше. Енергијата во Систина Офталмологија е неверојатна. Голема благодарност до Систина Офталмологија, оптометристот Елеонора и д-р Фанка, што ми овозможија нешто што сум го чекала целиот свој живот нетрпеливо.“