Иванова Симјановска Зорица (53 г.) од Канада, направи операција на катаракта со имплантирање на мултифокални леќи во Систина Офталмологија.

„Мојот маж дојде прв на преглед во Систина Офталмологија и беше воодушевен од болницата, и од пристапот на персоналот. Долго разговарав со него за мојот проблем со катарактата и диоптрија, и најпрво се решив да направам преглед во Канада, иако тој ме убедуваше да направам преглед директно во Систина Офталмологија.“

По незадоволното искуство со болница во Канада, се одлучила сепак да дојде во Македонија и да ја направи операцијата тука.

„Кога отидов во болницата на преглед, едноставно не развив доверба кон докторот и веднаш завртев на мојата сестра каде што и кажав: ‘Се враќам во Скопје да направам операција на очи, распрашај се кој е најдобар.’ По неколку часа, сестра ми ми се јави и ми кажа дека нема дилема, сите ја препорачале д-р Билјана Костовска и Систина Офталмологија. Ми беше јасно дека дефинитивно ќе ја направам операцијата во Систина Офталмологија кај д-р Билјана Костовска.“

„Кога влегов во болницата, енергијата што ја почувствував уште при самиот прием, не може да се опише. Сепак топлината која ја имаме ние како народ, не може да се почувстува никаде во светот. Кога ја здогледав д-р Билјана Костовска, се ми беше јасно. Таа е доктор на кого можам да му верувам комплетно. Ме прегледа и кога заврши прегледот и кажав дека сакам таа да ме оперира и да се вратам во Канада со јасен вид.“

„Најубаво е чувството кога светот ќе го пројдеш, да дојдеш во Систина Офталмологија и да си се вратиш дома со 0 диоптрија. Не можев да си поверувам на контролата кога видов дека диоптријата ми е нула, а катарактата е оставена во минатото. Ви благодарам од срце за прекрасното искуство, ве препорачувам на сите што го имаат мојот проблем!“