„Оваа операција можевме да ја направиме и во Швајцарија, но меѓу свои луѓе, на свој јазик, се чувствуваш попријатно и им веруваш 100%.“

Јованка и Борјанчо се прекрасен пар кои долги години живеат во Швајцарија. Тие го направија својот преглед во Систина Офталмологија Штип. Кај нив беа вградени мултифокални леќи со кои се корегираше катарактата и диоптријата.

„Сакавме да искористиме додека сме се уште млади, додека не започнале другите проблеми со притисок, шеќери. Да имаме барем здрав вид.“

Јованка била одлучна да вгради мултифокални леќи, поради својата работа која ја работи во Швајцарија, но кога пристигнале во Скопје кај д-р Билјана Костовска, и Борјачно се одлучил за истата интервенција.

„Енергијата која ни ја пружи д-р Билјана Костовска беше прекрасна. Јованка беше одлучна да вгради мултифокални леќи, но кога ни објаснуваа доктор Тоше и доктор Билјана, со такви зборови, не можев да останам имун и да не ја направам и јас истата интервенција.“ – вели Борјанчо.

„Не знаеме како да ви го опишеме чувството, се уште е рано бидејќи скоро ја направивме интервенцијата, но уште од следниот ден по интервенцијата чувствуваме дека сме го направиле вистинскиот чекор. Голема благодарност до доктор Тоше, доктор Билјана и Систина Офталмологија што ни го направија патот до чистиот вид брз и едноставен. Сме биле во клиники и во Швајцарија, но вакво пријатно чувство, почит, не сме добиле никаде. Сега и двајцата гледаме јасно!“