Александар Давидовски од Штип, ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија. Проблемот со неговата диоптрија започнува уште од 10 годишна возраст кога му се појавува диоптерот, но не носи очила. Диоптријата се зголемувала и достигнала до -6.25 на едното око и -4 со цилиндар на другото око. Ова е неговиот тестимонијал за искуството со ласерската корекција на диоптрија.

„Јас сум Александар Давидовски, 27 год. од Штип. Дипломиран инженер по информатика. Моментално работам како Инженер за контрола на квалитет на софтвер каде ми е потребно да имам супер вид. Уште на моја 10 годишна возраст на систематските прегледи од училиште ми беше откриен диоптер од -0.5 на далечина. Но, тогаш во тие години баш и не сакав да носам наочари и ги носев само на училиште. Диоптерот поради тоа си се зголемуваше од година во година, со што стигна до -6.25 на едното око и -4 со цилиндeр на другото око.

Како во работата, така и во секојдневните активности на Александар му пречела диоптријата. Потоа почнал да чувствува сувост во очите од постојано носење на контактни леќи. 

„Диоптерот многу ми пречеше во секојдневието и во работата, а она што најмногу ми пречеше е што навечер не можев ништо да гледам иако носев контактни леќи последниве 6 години. Често се соочував со печење на очи, чешање, црвенило затоа што очите постојано ми беа суви, и исто така се случуваше контакните леќи да ги нема во оптиките, па чекав додека стигнат или ги нарачував од странство. Ноќно време видливоста ми беше многу слаба, се случуваше и да одминам луѓе кои што ги познавам затоа што не сум можел да ги видам.“

Желбата да ја направи ласерската корекција на диоптрија ја имал уште од мала возраст.

„Имав слушнато за ласерска корекција на диоптрија уште многу одамна и од тогаш желба ми беше некогаш да направам интервенција и да гледам јасно. Мојата желба за ласерска корекција на диоптрија беше толку голема што прво закажав преглед, па се распрашував и собирав позитивни искуства од други луѓе.

 Желбата за интервенцијата ми постоеше уште како мал, на телевизија слушнав дека и во Македонија се прават вакви интервенции, но најмногу ми беше интересен моментот кога се одлучив со сигурност. Тоа беше едно утро кога се разбудив (се сеќавам дека беше многу рано), го земав телефонот и како и по обично почнав да разгледувам по социјалните мрежи и ми се појави реклама од Систина Офталмологија, ја отворив разгледав и уште не расонет се одлучив да закажам преглед. Се слушнав со моите и само им кажав што планирам и веднаш се јавив и закажав преглед кај докторката Фани.“

Преголемата возбуда на Александар кој со нетприение го очекувал денот на интервенцијата, се одразила и на хиперактивноста за време на интервенцијата.

Возбудата беше дефинитивно преголема затоа што за само 10 минути јас ќе гледам одлично и без проблем, но ме фаќаше некоја мала паника. Сето тоа го снема откако дојдов во болницата и започнавме со подготовките. Тимот беше прекрасен и се опуштив. Ми беше интересно и во сала затоа што сме свесни и следиме се, разговараме со луѓето присутни во салата мојата интервенција присуствуваа докторките Билјана и Фани и бидејќи како пациент бев малку ‘немирен’ тука многу ни помагаше и оптометристот Елеонора. Чувството не се опишува. Самодовербата и среќата беа на завидливо ниво. Болка не чувствував воопшто дури и откако помина дејството од локалната анестезија. Единствено првите неколку денови само чувствував мало пецкање што беше и очекувано. Со докторката Фани бевме во контакт и дури по работното време за секоја грижа и прашање кое го имав. Јас бев едноставно пресреќен и тоа ми остана како навика, па следните недели јас наоколу разгледував се постојано. Дури и кога бев со друштво излезен или во некој локал, наоколу ги разгледував и читав табличките на возилата.“

За интервенцијата во тек на пандемија Александар вели:

Дефинитивно се беше коректно од страна на вработените, се почитуваше секоја мерка. Дури и самата интервенција ја правев во период на пандемија, која што заврши секако безбедно. Затоа што здравјето и грижата за пациентите ви е на прво место. Дефинитивно на сите кои што имаат проблем би препорачал доколку се во можност да направат ласерска корекција на диоптрија, затоа што професионалноста ви е на високо ниво.“