Ирена сведоштво

„Често менување на диоптријата, чести прегледи, често купување на очила и контактни леќи – сето ова повлекуваше високи трошоци. Позитивното искуство на моите пријатели ме охрабри да ја направам ласерската корекција на диоптрија.“

Ирена Магдеска (37) oд Прилеп, мајка на две дечиња, ја направи ласерската корекција на диоптрија во нашата болница.

„Диоптријата најмногу ми пречеше во лето кога требаше да се плива или да се носат очила за сонце. Потоа при возење, при вечерни излегувања и веселби каде што неизбежно беше да се носат при било која модна комбинација.“

Ирена вели дека најмногу врз нејзината одлука влијаеле позитивните искуства од нејзините пријатели кои ја направиле ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.

„Бев запозната со ласерската корекција на диоптрија и подолго време собирав информации од искуствата на други луѓе. Се одлучив по препорака на пријател кој имал со позитивно искуство кај вас.“

По завршувањето на интервенцијата чувството на среќа било неизмерно: „Се чувствував пресреќно, со големо олеснување, но и малку исплашено од дисциплината што требаше да ја имам после операцијата. Но успешно го поминав кратиот постоперативен период.“ 

Кога би можела да ни го опише своето чувство по интервенцијата во една реченица, Ирена изјави:

„Пешачев по улица навечер бидејќи сончевата светлина ми пречеше првите недели после интервенцијата и ги прашував сите околу мене до каде е нормално да можеш да прочиташ букви – до која далечина бидејќи не знаев. Ги читав сите билборди и сите натписи од продавниците.“

За крај Ирена изјави:

„Брзината и професионалноста во Систина Офталмологија ме изненади. Исто така, и постоперативните прегледи кои јас ги правев во Битола беа брзи и ефикасни. Сега гледам јасно и чисто! Продолжете со успешната работа и продолжете да ги правите луѓето среќни да можат да ја видат убавината на овој свет одблиску и оддалеку без очни помагала! “