Димитар Радически (25 години) 2 години размислувал за ласерска корекција на диоптрија и конечно, во јули оваа година, ја направи. Сега се чувствува како нов човек. Баш ни е драго 🙂

„Мојот очен проблем односно диоптрија се појави на моја 15 годишна возраст, во средно образование. Носев очила, но не ги носев постојано. Исто така пробав и контактни леќи, но не успеав да се навикнам и да ги носам, па така со тек на време мојата диоптрија брзо се зголемуваше. Многу пати ми се случуваше кога не носев очила да не ги забележувам луѓето околу мене и да ги одминувам, затоа што нивните лица ми беа нејасни, а не можев ниту пак да се замислам да возам кола без очила. За ласерска корекција размислував скоро 2 години, но по препорака на пријател кој исто така направи ласерска корекција во „Систина Офталмологија“, се решив да направам и јас. Операцијата траеше вкупно 10 минути за двете очи. Не чувствував страв затоа што знаев дека сум во сигурни раце на д-р Фани Гилевска и останатиот стручен и профеисонален тим. Откако заврши интервенцијата се вратив дома и одмарав. Утредента, по пат накај Систина Офталмологија ги гледав и прочитав сите билборди на улиците, сите таблички на колите, што претходно и со очила не сум можел да ги прочитам, а кога дојдов на преглед ги погодив сите букви, вклучувајки ги и најмалите букви. Со новиот вид се чувствувам како нов човек! Можам да спортувам, а да не носам очила; можам да возам и да не носам очила и главоболките се веќе минато. Морам да го пофалам целиот тим на Систина Офталмологија и најдобрата докторка д-р Фани Гилевска. Тоа е еден стручен, прекрасен, и гостопримлив тим, кои што секогаш се грижат за пациентите и се достапни за вас 24/7. Ви благодарам од сѐ срце.“