Катерина Смугреска (34 години) од Лондон, и покрај целата ситуација со коронавирусот дојде дома само за да направи ласерската корекција на диоптрија и се врати назад насмеана и среќна и најважно – без очила!

„Во вашата болница го добив третманот и видот кој одамна ги посакував! Д-р Фанка Гилевска и тимот сѐ направија да биде толку лесно, професионално и сигурно. Планирав да ја направам ласерската корекција на диоптрија – читав и истражував, но опциите кои ги имав во Лондон не ми одговараа. Контактирав личност од вашиот тим која ми ја објасни целата процедура, колку време треба да сум во Македонија и ми значи што ми беше поддршка во целиот процес на лекување. Знаев дека веќе тука се работи за сериозна болница. Очилата ги носев веќе од 18 години, ми пречеа при возење, секојдневни активности, а особено периодов и на работа поради носењето на целата заштитна опрема ми се маглеа. Носењето на леќите не ни беше добра опција, зашто ми ја гребеа рожницата и ми правеа дополнителна сувост на очите. Искрено, среќна и благодарна сум што веќе нема да имам вакви проблеми и топло ве препорачувам на мои познаници. Се вратив безбедно назад и едвај чекам да дојдам пак наредната година за да го посетам и поздравам овој прекрасен тим.“