
Рефик Саити (42 год.), јануари оваа година, во приквечерните часови ургенто го донесоа во нашата клиника со сериозна повреда на левото око. Се стравуваше дали воопшто ќе можеше да се зачува окото како орган, а потоа и неговиот вид. Д-р Илир Османи и медицинскиот персонал веднаш реагираа и ги превзедоа сите можни мерки за спасување на окото и видот. На Рефик му беа направени две операции.
„Минатата година имав тешка повреда на левото око поради која имав две операции на окото. Се повредив со дрво и целото око ми беше рани и отидов во најблиската болница во Тетово. Откако ме прегледаа, поради мојата состојба, со возило од прва помош ме донесоа во „Систина Офталмологија“. Само што стасав, ме прими д-р Илир Османи и според она што го виде ми кажа дека повредата е многу сериозна и дека ќе се обидат да го спасат окото. За видот дури не ми беше важно толку колку што сакав само да ми го спасат окото. Таа ноќ лежев во болница и утредента наутро, за време на визита, кога ги видов лицата на докторот и медицинскиот персонал знаев дека се поминало добро. Окото ми беше спасено и бев многу среќен. По две недели имав втора операција која траеше 4 часа. По операцијата се чувствував многу добро, немав никаков проблем и благодарение на одличната работа на докторот, не само што ми го спаси окото, јас можам и да гледам! За докторот немам зборови. Уште на првиот преглед стекнав доверба и иако живеам во Хрватска, сите контроли се уште ги правам во „Систина Офталмологија“ Тетово и Скопје. Премногу сум задоволен од целиот медицински персонал. Ви благодарам!“
Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:
Супспецијалистички преглед
Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00
ОЦТ
Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.
1.900,00
Витректомија
Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око. Оваа интервенција ја покрива и Фондот за здравство.
123.000,00
Витректомија преку ФЗО
Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око. Оваа интервенција ја покрива и Фондот за здравство.
6.000,00
Витректомија и операција на катаракта
Операција на заден сегмент и операција на катаракта со вградување на интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
166.000,00
Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.