Розалија Карчицка Василевска (50 год.) од Скопје го реши проблемот со катаракта со вградување на монофокална интраокуларна леќа и сега ужива во убавините на природата и без проблем ги обавува редовните работни обврски. Прочитајте за нејзиното искуство:

„Изреката на д-р Златко Арнаудовски на вашата интернет страница: ‘Од сите права, најголемо е човековото право на вид.’ беше одлучувачка за да ја направам оваа интервенција во вашата болница. И го користам зборот интервенција, а не операција затоа што навистина траеше 8 минути! Не можам да се изнагледам сега на бои, детали и немам потреба од очила. Проблемот со катаракта започна уште минатата година, но ми беше страв да ја решам. За време на оваа ситуација со коронавирусот, веќе почна видот да ми е поосетлив и да ми пречи работата на компјутер. Работам на проекти и ми е многу важно се да ми е навремено завршено. Почна да ми влијае и на карактерот – чувствував несигурност и ми беше незгодно да кажувам дека имам проблем, да не паднам или да се сопнам итн. Година дена се мислев и ми е криво што не ја направив интервенцијата порано. Без разлика на тековната ситуација, јас ја направив интервенцијата во Систина Офталмологија бидејќи знаев дека се преземени сите мерки на безбедност и дека сум во сигурни раце. Благодарение на таа доверба, ја доведов и тетка ми за истата интервенција и двете сега гледаме во HD.“