Девојка на слика по ласерска операција на очи.

Оле Галевска (30 години), направи ласерска операција на очи во Систина Офталмологија. Нејзиниот проблем со диоптрија започнува уште од основно и се борела со диоптријата 20-на години. Ова е нејзината приказна.

„Како амбициозна и весела личност, диоптријата за мене претставуваше огромен проблем. Со овој проблем се соочив уште од најраната возраст, во основно одделение. Кога започнаа и моите спортски активности, започна и преминот од очила кон контакни леќи. На тренинзите по ракомет често знаев да го завршам тренингот порано поради изместена контакна леќа. Истото продолжи да се случува и кога одев во теретана.“

Оле дознала за ласерската корекција на диоптрија од реклама, дека се прави и во нашата држава. Тогаш започнува во потрага по препораки.

„За ласерската операција на очи знаев поодамна, меѓутоа не знаев дека кај нас се изведува. Уште од тогаш мене ми се појави желба за отстранување на диоптријата. Препораките кои ги добив беа насочени кон Систина Офталмологија.“

Кај неа согласно нејзината дијагноза беше применета ласерската корекција на диоптрија (ласерска операција на очи) со методата ПРК.

„Прегледот и ласерската операција на очи, благодарејќи на целиот персонал, беа опуштени, без никакво чувство на страв. По самата интервенција чувството беше неописливо. Конечно можев да гледам без очни помагала.“

За крај Оле ни препорача:

„Професионалното, транспарентното и отвореното работење ми влеа голема доверба да ја направам ласерската корекција на диоптрија токму кај вас и да ги доверам своите очи на д-р Билјана Костовска и Систина Офталмологија.“

Ласерска операција на очи е кратка и безбедна метода со која се отстранува диоптрија кај лица од 18 до 40 години, со стабилна диоптрија мин. 1 година. Временски интервенцијата трае околу 10 минути за двете очи. По операцијата си одите дома уште истиот ден само со очила за сонце.

Пред интервенцијата се прави преглед за ласерска корекција на диоптрија кој трае скоро 2 часа и е најдеталниот преглед во офталмологијата. Согласно резултатите, офталмологот ќе утврди дали сте кандидат за ласерската операција на очи.

Во нашата очна болница се извршуваат и други методи за корекција на диоптрија доколку не сте кандидат за ласерска операција на очи. За секој очен проблем ние имаме решение како на пример вградување на факични леќи или вградување на мултифокални леќи.