„Се пријавив на дарувањето за ласерска корекција на диоптрија и добив светлина! – се зборовите на Наташа Крстевска, добитничка на бесплатната ласерска корекција на диоптрија за месец декември во 2019 година. Наташа има 37 години и ни доаѓа од Битола.

„Ги носев очилата цели 22 години. За тие години се измачував себе си поради неколку причини: работам со изработка на нокти и за време на работата носам маска затоа што има прашина со стругање и кога ќе го затворев лицето со маската и очилата, вложував голем напор за да можам сѐ да направам. Кога одев на настани за обуки на професионална шминка, таман преубаво ќе ме нашминкаат и јас морам да ставам очила и разочарано ми викаат „Леле, сега мораш очилата да ги ставиш? Ништо нема да се види.“ На одмор ќе одиме со дечињата заедно во вода да си играме и обавезно ме прскаа, очилата ми беа цели со капки вода, буквално ништо не можев да гледам. Кога дојдов во ‘Систина Офталмологија’, многу љубезно ме дочекаа и на прегледот и на самата интервенција. Пред интервенцијата имав еден интересен сон, сонував како некое девојче, како ангел ме држи за рака и ме води некаде. Постарите викаат дека тоа е убав сон. Така се почуствував и за време на интервенцијата. Ме држеше сестра за рака и бев толку сигурна дека се ќе биде во ред. Цел тим ми беше психолошка поддршка. Се плашев од болка, ама беше сосема безболно и уште истиот ден гледав одлично. Нешто што ми остави прекрасен впечаток е што од прв ден знаев за сите детали за интервенцијата, така убаво ми беше објаснето од д-р Костовска и тимот, што почувствував дека сѐ ова заеднички го правиме. Сега не можам да се препознаам. “Ќерка ми, по навика ми, секое сабајле ми вика : ‘Мамо, кај ти се наочарите, да не ги забораваш?’ -‘Не, мамичка веќе не носи очила, не и требаат – гледа супер!’ 😊 Топло им препорачувам на сите да не се плашат и да веруваат во чуда. Ми се исполни мене желбата да не сум во постојана темнина. Ви благодарам за тоа што ми ја подаривте светлината!“ – раскажа Наташа.