Славчо

Славчо Стојаноски, 38 години од Oхрид, го направи прегледот за ласерската корекција во Систина Офталмологија Битола.

Славчо имал миопија и астигматизам (цилиндар) -7,5 на десно око и -5,5 на лево око.

„Најголем проблем ми беше пливањето, бидејќи имав голем диоптер, а не можам да носам наочари при пливање, тешко пратев каде сум со пливачкото друштво, држење правец во вода. Трчање/велосипедизам проблем е тоа што не си во можност да носиш очила за сонце, а се многу потребни.“

Детално ја истражил ласерската корекција на диоптрија, за да на денот на интервенција нема никаков страв.

„На денот на интервенцијата се чувствував како и секој друг ден. Доволно прочитав за да ја сфатам рутински интервенцијата, можеби под ласер тие 5 минути беа малку тензични, ама ништо страшно.“

За неговото искуство со ласерската корекција на диоптрија вели:

„Па позитивно, периодот на опоравување не е долг и веќе по два дена се чувствуван способен да возам. Според упатствата не гледав телевизија, не користев лаптоп и телефон 3-4 дена, а потоа сосем малку гледав телевизија.“

Поради високата диоптрија, Славчо носел очила со голем диоптер. Сега гледа исто како со очилата, само разликата е што не носи очила повеќе.

„Поради големиот диоптер постојано носев наочари, па сега ги гледам истите детали како и пред интервенцијата, само без наочари.

Му благодариме на Славчо на довербата и што сте дел од нашето семејство на пациенти.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.