Ирена Пановска (32 год.) направи ласерска корекција на диоптрија пред оптрилика една година. Нејзината диоптрија од минус 5.75 и минус 5.00 беше комплетно корегирана до нула.

Со ласерската корекција на диоптрија може да се корегира диоптрија кај лица на возраст од 18 до 40 години со диоптрија од -10 до +6 и астигматизам (цилиндер) ±6. Диоптерот треба да е стабилен минимум една година. Кај жени кои се бремени, оваа интервенција се препорачува откако ќе заврши процесот на доење и ќе се нормализира менструалниот циклус.

„Уште додека бев средно носев очила, имав висока миопија која ми стигна до минус 5.75 на едното и минус 5.00 на другото око. После одреден период почнав да носам и меки контактни леќи, кои ги носев скоро 10 години пред да ја направам ласерската корекција на диоптрија. Ми правеа проблеми, често имав иритации и ерозии, а со очилата бев ограничена – ми го намалуваа распонот на видот.  Особено додека учев музичко училиште, не можев да свирам пијано и нотите не ги догледував. Додека бев со дечињата ми беше страв да не ме удрат додека носам очила. Матичниот офталмолог ми препорача: ‘Зошто не си направиш ласерска корекција на диоптрија? Млада си и си родила две дечиња, редно е да се ослободиш од леќите и очилата веќе.’ Дојдов во ‘Систина Офталмологија’ бидејќи мојата братучетка ја направи истата интервенција во оваа клиника. Приемот во болницата е прекрасен од моментот кога стапнав до сега, а верувам понатаму и сите контролни прегледи. Д-р Фанка Гилевска ми објасни сe што ме интересираше и навистина испадна така, затоа што се плашев и сепак се работи за око. Се решив да ја направам корекцијата заради себе и моите две дечиња, а особено ми беше мило што беа мојата поддршка на денот на интервенцијата. Се помина лесно и брзо и веќе година и пол помина и гледам одлично. Веќе немам потреба да ги барам очилата или да губам време во ставање на леќи и нивна нега. Со пријателите, кога патуваме, се натпреваруваме кој од далеку ќе ги прочита регистарски таблички на колите. И што е најважно дечињата не ми ги вадат очилата и кријат. Се препородив!“