pacient-pregled-iskustvo-laserska-korekcija-dioptrija
 

„Советувањето за ласерска корекција на диоптрија ми помогна да се решам да ја направам во услови на Ковид-19. Не можев веќе да чекам, за мене беше итно.“ – вака Љеунит Дервиши го започна разговорот со нашиот тим од PX Office за своето искуство со ласерската корекција на диоптрија во нашата клиника.

Љеунит Дервиши од Кичево, кој има 27 години, беше еден од присутните на нашето последно советување во болницата, кое што беше клучно да дојде на преглед и да ја направи ласерската корекција на диоптрија.

„На советувањето, д-р Виолета Шијакова и Стефани од Patient Experience Office, детално ми објаснија како изгледа прегледот, постапката и одговорија на сите мои прашања. Кога дојдов во „Систина Офталмологија“, тимот ми направи два прегледи за да бидат сигурни дека сум вистински кандидат за ласерската корекција на диоптрија и конечно бев ставен на програм. Што е најинтересно очилата ми се скршија неколку дена пред интервенцијата и тогаш знаев дека навистина бев подготвен. Им верувам и решив да ја направам интервенцијата, дури и во услови на коронавирусот. Не можев веќе да чекам, за мене беше итно. Интервенција траеше дури и пократко од тоа што ми кажа докторката и сум задоволен. Многу ми значи и сум благодарен на контактот кој што го имам со вашиот тим и што можам да ве побарам кога имам потреба.“