Нашата драга Mоника Негревска со свои 29 години храбро се носи со проблемите кои дијабетот и ги предизвика по нејзиниот вид и целовкупното здравје. Лицата со дијабет може да живеат нормално ако соодветно се грижат за својата состојба.

„Уште од своја 11 година ми започна борбата со дијабетесот проследено со инсулинска терапија и чести прегледи кај соодветен доктор за да го регулирам нивото на шеќер во крвта. Во 2015 година, за жал, лошо регулираниот дијабетес доведе до несакани последици: хормонски пореметувања, анемија, но најголемо оштетување предизвика на мојот вид односно на задниот дел од окото. Забележав заматување на видот и бели флеки во видно поле и во „Систина Офталмологија“ ми беше дијагностицирана дијабетична ретинопатија. Ме презема д-р Фанка Гилевска, која ми влеа голема доверба и на коректен начин ми ја објасни важноста на контролата на дијабетесот, мојот проблем и неговото решение: апликација на анти -VEGF терапија односно на инекции Еylea во двете очи, за да се сопре крварењето во задниот дел на окото. Забележувам подобрување на видот, а дополнително на испитувањата и снимањата кои ги правиме со докторката гледаме прогрес што сум презадоволна за тоа. ‘Систина Офталмологија’ ме вклучи во нивниот проект на тема ‘Регулиран дијабетес – сочуван вид’ како пациент да го искажам моето искуство на матични доктори, ендокринолози и офталмолози за да ја видат и нашата страна – страната на лицата со дијабет и колку ни значат нивните правилни насоки и помош за полесно да се сносиме со оваа состојба. Од целото искуство кое го имам, можам да кажам дека многу е важно да си свесен и добро информиран за состојбата која ја имаш и да ги следиш насоките на стручните лица. Благодарна сум што мојата состојба заеднички ја третираме со тимот на ‘Систина Офталмологија’.”