Дијабетесот е хронична болест која постепено го оштетува и видот. Успешни резултати во третирање на последиците од оваа болест врз очите дава апликацијата на инјекции во око т.н. анти-ВЕГФ третман кој беше применет кај нашата пациентка Лилјана Рашковска.

„Во 2001 година, додека живеев во Австралија, ми беше откриена шеќерна болест. Мојот ендокринолог постојано ме тераше да правам редовни прегледи и затоа мислам дека имам навика да го следам моето здравје. Во 2009 година со сопругот се вративме во Македонија и таа навика си продолжи. Пред две години видот почна да ми слабее и сѐ да ми се гледа како низ „дупка“. Посетив повеќе очни клиники, но вие се издвоивте од сите поради односот на персоналот – сите сте така разиграни и грижливи. Ми беше сѐ убаво објаснето и претставено – како последица на дијабетесот, мојот вид се влошуваше. Д-р Фанка ми објасни дека мора навреме да реагираме и да започнеме со анти-ВЕГФ третман со кој се третира мојата дијагноза. Ми беа ставени 4 инјекции и веќе забележувам подобрување. Д-р Александра од „Систина Офталмологија“ во Битола ја следи мојата состојба и кај неа си ги вршам контролите, бидејќи живеам во близина. Одличен тим сте, многу сум задоволна затоа што имам постојана грижа. Само што влегов во ординацијата кај докторката; кога почна да ми објаснува – знаев дека сум на вистинското место!“

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Апликација на Аvastin инекција

Апликација на Авастин интрабулбарно. Цената се однесува на едно око.

8.900,00

Апликација на Аvastin инекција

Апликација на Авастин субконјуктивално. Цената се однесува на едно око.

12.500,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.