Слаѓан Бојковски (40 години), вработен во министерство за одбрана, ја направи ласерската корекција на диоптрија. Неговиот проблем со диоптријата започнува во 2001 година, кога започнува и појава на главоболки додека гледа телевизија.

„Честите главоболки додека гледав телевизија ме ‘натераа’ да отидам на очен преглед, каде што ми препорачаа да носам очила. Во целиот 20 годишен период од носење на очила имав безброј проблеми со качување на диоптријат и гледање нејасно, се додека не се стабилизираше диоптријата и можев да ја направам ласерската корекција на диоптрија.“

Кога го запрашавме Слаѓан, што претставувал диоптерот за него и со какви проблеми се соочувал поради диоптријата, тој ни одговори:

„Како и кај повеќето така и кај мене, диоптријата правеше проблем во извршување на секојдневните активности. Не можев да гледам јасно доколку надвор имаше јако сонце, и особено навечер при возење и блесоци од сите страни. Проблем ми беа очилата, да не зборуваме за тоа колку очила се скршени, па морав да гледам матно додека не купам нови очила.“

Главната причина за да се одлучи да ја направи ласерската корекција на диоптрија била маката со очилата.  „Маката со очилата беше најголема причина за да ја направам ласерската корекција на диоптрија. За ласерската корекција на диоптрија имав слушнато пред 10 години, но истражував долго време за да одлучам каде да ја направам. На денот на интервенцијата се чувствував среќно и возбудено. Со нетрпение го исчекував исходот од интервенцијата. Еден ден по интервенцијата се ми беше како ново искуство. Предмети, места, детали, ново искуство. Периодот по интервенцијата, го поминав следејќи ги советите на д-р Фани и редовно одење на контролните прегледи.“

Сега два месеци по ласерската корекција на диоптрија, Слаѓан вели:

„Eдна од најдобрите одлуки, јасен вид пред се. Жалам што не ја направив порано, слободата која ја чувствувам по интервенцијата е неопислива. Благодарам на Систина Офталмологија и д-р Фани кои ми овозможија јасен вид без очни помагала.“