
Нашата драга пациентка Зрна Гарич (36 години), од Тузла, Босна и Херцеговина ни ги довери своите очи и сега лесно гледа без очила и контактни леќи. За нејзе беше ова вистинско олеснување, затоа што контактните леќи и беа проблем во секојдневниот живот, а особено при планинарење. Ова е нејзиното позитивно искуство:
„Интервенцијата беше прелесна и брза. Во операционата сала, и пред тоа имав инструкции за сѐ од д-р Костовска, знаев што ми прави и затоа немав никаков страв. Уште утредента јас гледав одлично! Сега, сопругот се шегува со мене: ‘Ајде прочитај го она надалеку’. Интересно ми да читам сѐ што не сум можела претходно да го прочитам и видам. Дојдов во jануари на преглед за ласерска корекција на диоптрија, ја следеа мојата состојба и конечно добив одобрување дека сум подготвена во јули. Морав да се решам конечно да ја направам затоа што очила носам веќе од основно училиште. Проблем ми беа особено и контактните леќи кои морав да ги носам на планинарење со мене. Покрај цел товар на мене, морав да мислам и на хигиената на очите. Носев два пара контактни леќи, течности за нив, очила за секој случај – ми беа многу голема обврска. Имам доверба во докторката и тимот на ‘Систина Офталмологија’, затоа и ситуацијата со коронавирусот не ми беше пречка да дојдам да ја направам сега интервенцијата – знам дека сѐ е преземено по протоколи и мерки за заштита. Овде е толку сигурно, уредно и се чувствува таа позитивна енергија и хармонија!“