
Богданоска Сара (35 години) е дипломиран психолог и магистер по клиничка и советодавна психологија. Диоптерот најмногу и предизвикувал нелагодност кога возела автомобил. Се чувствувала онеспособена да ги извршува своите работни обврски: да учествува на настани, семинари, работилници се што било поврзано со читање и презентирање и сето тоа поради не можноста да ги долови во полн ефект поради слабиот вид.
„Последната моја контрола кај офталмолог во Прилеп ми ја потврди мојата веќе постоечка желба да ги отстранам очилата и да завршам со нивно користење засекогаш. Решив да направам ласерска корекција на диоптрија и ја избрав Систина Офталмологија. Можам да кажам само едно – ласерската корекција на диоптрија беше една од најдобрите одлуки што сум ги направила во мојот живот, како и изборот на болница, целиот тим на Систина Офталмологија и докторката Фанка Гилевска која со воодушевувачка леснотија, дух и професионалност ги извршуваше должностите за мојот корективен зафат.“
Додека престојувала во Германија, слушнала за ласерска корекција на диоптрија, каде што и кажале само пофални зборови. По враќањето во својот роден град Прилеп, се сретнала со пријател кој ја извршил ласерската корекција на диоптрија. Тоа го почувствувала како знак дека е време да ја направи интервенцијата во нашата очна болница.
„Отсекогаш Систина Офталмологија ја сметам за реномирана болница, од која излегуваат само среќни краеви на приказните. Тоа беше и се уште е мојот став. Читајќи ја и веб-страницата и доближувајќи се до мојата цел знаев дека Систина Офталмологија е моето место за овој потег.”
Сара ја направи ласерската корекција на диоптрија во време на пандемија.
„Дојдов специјално кај вас, верувајќи во беспрекорниот систем на работа. Искрено пандемијата ниту еден процент немаше влијание во мојата одлука. Имав потполна доверба во тимот на Систина Офталмологија бидејќи целосно се придржувате кон мерките изречени од страна на Министерството за здравство со кои вие се борите против спречувањето на ширење на Ковид-19 пандемијата.“
Нејзината реакција на денот на ласерската интервенција и по самата интервенција, ја опишува како нешто што не може да се раскаже, може само да се доживее. Чувството кога ги забележувала сите детали без очила, било неописливо – нешто што секој би требало барем еднаш во животот да го доживее.
„Охххх…прекрасно, не се опишува со зборови, само се доживува. Неописливо. Искрено не памтам кога сум гледала олку добро, чисто и кристално јасно во мојот живот. Поминаа веќе два месеци. Самата леснотија со која ги обавувам работите ми го занемари стресот и несигурноста, и сега ги живеам и доживувам во полн ефект.“
На нашето прашање, дали има некој коментар/забелешка за нашиот тим, Сара ни одговори:
„Тим од доверба кој во ниту еден момент не дозволува пациентот да се чувствува не комфорно. Професионалноста, одговорноста, комуникативноста, екстровертноста и емпатијата која ја споделувате со пациентите се вашите вештини и доблести поради кои вашиот тим би го препорачала на секого кој има потреба од професионалност. Прекрасно е чувството да се гледа како што никогаш не си мислел дека би било можно особено без помагала. Благодарност до целиот тим на Систина Офталмологија.”