
Билјана Стојковска (38), дипломиран правник, која се пренасочила кон графички дизајн и основала сопствен бренд на облека.
Со самата профeсија, графички дизјан и со нејзиниот диоптер -4 и -4,5, за нejзината мака немало крај. Таа вели дека диоптријата буквално не и пречела само кога спиела.
Билјана има страв од било каков допир во своето око. Поради тоа многу години ја одложувала интервенцијата.
„Само поради д-р Фани се одлучив за ласерската корекција на диоптрија. Да бидам искрена јас сум човек што се шминка само за на свадби, не можам римел да си ставам од страв. Д-р Фани ја познавам со години и едноставно, еден ден пресеков и реков дојде време да ме прогледаш. Да не беше таа најверојатно никогаш немаше да се одлучам на овој чекор.“
Како вљубеник во кошарката, диоптријата и била огромен проблем.
„Генерално диоптријата ми пречеше во се, не се чувствував своја, а и голема улога има мојата желба да играм кошарка. Едноставно дојдов до тоа да не можам да го видам обрачот, а човек прави се за љубов. Dear basketball се вратив. 😊 “
„Се чувствувам препородена, радост невидена. На сите го препорачувам ова искуство.“
За искуството за време на пандемија, Билјана изјави:
„Животот мора да тече и во време на пандемија, а за услугата, стандардите и третманот кој го дава вашата институција воопшто не се сомневав.“