Андриќ Маријана (49) направи корекција на диоптрија со вградување на мултифокални леќи во Систина Офталмологија. Пред 6 години започнува нејзиниот проблем со диоптријата, познато како старосна диоптрија.

„Се бавам со бројки и многу ми пречеше во работата. Диоптријата ми се појави во последните 6 години и тоа за мене претставуваше голем проблем. Како што поминуваа години се полошо, понејасно гледав. Започнаа проблеми со куцање на телефон, не можев да ги погодам буквите и правев печатни грешки. Всушност, мојот проблем го забележа д-р Билјана Костовска која постојано ми ги поправаше печатните букви на пораката. За интервенција се одлучив моментот кога сакав да нарачам куфер и од што не читав јасно, порачав погрешен куфер. Тоа беше знак да се јавам веднаш на д-р Билјана Костовска и да го решам проблемот.“

Кога ја запрашавме како се одлучила да имплантира мултифокални леќи, нејзиниот одговор беше:

„’Виновник’ за мултифокалните леќи и мојот избор за д-р Билјана и покрај тоа што ја знам лично, беше тоа што има голема почит од страна на пациентите. Постојано кога шетаме, пациенти доаѓаат до неа и и се заблагодаруваат. Си реков кога веќе имам проблем со диоптријата да ја искористам најдобрата докторка. Прегледот како и интервенцијата поминаа беспрекорно. Целиот тим на Систина Офталмологија ме постави на позиција да се чувствувам како да не сум во болница. Прекрасно искуство и сега конечно ми се врати стариот вид и гледам јасно како пред 6 години.“

Докторката Билјана Костовска за мултифокалните леќи кажува:

Помеѓу 40 тата и 45 тата година од животот, се влегува во период на пресбиопија или старосна диоптрија. Тогаш се јавува проблем при читање или работа на близина, потребно е повеќе светлина и се чувствува замор или главоболка. Тоа се јавува и кај Маријана која започнува да не гледа јасно во својата 40-та година и поради тоа се одлучивме да вградиме мултифокални леќи. Интервенцијата помина одлично, Маријана гледа се подобро и подобро. Со овие леќи, Маријана ја оттргна и можноста од појава на катаракта.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика

во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за мултифокални леќи

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

3.000,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00