Александар Петровски од Битола пред 6 месеци ја посети нашата клиника по препорака за третман на кератоконус. Кератоконус е состојба при која се испакнува рожницата на окото и потребно е да се направи crosslinking метода за да се нормализира рожницата.

При направена пентакам анализа (која е дел од прегледот за кератоконус, како и дел од прегледот за ласерска корекција на диоптрија) која е златен стандард за утврдување на состојбата на рожницата, нејзината дебелина и здравост, беше утврдено дека рожницата на Александар е комплетно здрава и дека нема испакнување на рожницата односно кератоконус и дека кај него може да се изведе ласерска корекција на диоптрија.

Бев среќен дека немам кератоконус и дека можам да направам ласерска корекција на диоптрија со која ќе ми се тргне диоптријата, најмногу цилиндерот во целост бидејќи тој ми претставуваше најголем проблем. Носев толку тешки очила, поради цилиндерот, поради кои кога одев мислев дека пропаѓам. Со видот што го имам сега, сум презадоволен!“

Самиот преглед и воопшто целото искуство во Систина Офталмологија направи да се чувствувам како да не сум во болница, особено д-р Фанка Гилевска која се однесуваше кон мене како пријател, а не доктор.

Со овој тим интервенцијата од 5 минути беше како 5 секунди. Кога излегов од оперативната сала, погледнав наоколу и кога видов дека на вратите пишува ординација со мали букви и всушност можам да ги прочитам по самата интервенција, не ми се веруваше. Бев пресреќен.

Олеснителна околност беше што по ласерската корекција на диоприја контролите можев да ги правам во Систина Офталмологија Битола. После 6 месеци си го посетив тимот во Скопје за да им се пофалам колку добро гледам 🙂

Благодарам на тимот на Систина Офталмологија за се!“