Викторија Ѓеорѓиевска

„Од страв од очни доктори до вид без диоптрија. Благодарна до Систина Офталмологија и д-р Илир Османи што ми овозможија вид без диоптрија.“

Викторија Ѓеорѓиевска (25 години), студент, е добитничка на дарувањето за ласерска корекција на диоптрија за месец март.

Викторија се соочила со непријатен настан во детството од страна на офталмолог и се плашела да ги довери своите очи на било кого. Викторија е пациент на д-р Илир веќе 11 години и вели дека со самиот негов пријателски однос ја надминала траумата која ја имала од мали години. 

Нејзината диоптрија и пречела во секојдневните активности. Како млада девојка најмногу и пречела диоптријата кога летувала и ги заборавала очните помагала. 

„Пред 2 години бев на преглед за ласерска корекција на диоптрија, но од преголем страв ја откажав интервенцијата за понатаму во животот. Кога ми се јавија да ми кажат дека сум добитничка на дарувањето за бесплатна ласерска корекција на диоптрија, собрав сила и си кажав ова е вистинското време за да ‘прогледам’ и навистина беше така. Кога го видов дарувањето решив да ја искористам можноста и да се впуштам во ново доживување во животот.“

„Оптометристот Ангела ме спорведуваше низ целиот процес на прегледот. Презадоволна сум од тимот на Систина Офталмологија, посебно благодарна сум на мојот д-р Илир Османи, кои со години се грижи за моите очи и решив да му ги доверам своите очи за отстранување на ласерската корекција на диоптрија.“

Пандемијата воопшто не ја спречила да ја направи ласерската корекција на диоптрија

„Систина Офталмологија ги следи сите протоколи и се грижи за заштита на пациентите од тековната пандемија. Воопшто не чувствував страв дека ја правам интервенцијата токму во овој момент.“

За крај Викторија ни изјави:

„Само тој што нема диоптрија, не е свесен за каква радост станува збор, кога ќе станеш наутро и гледаш. Му благодарам на д-р Илир Османи поради кого ова искуство ми беше лесно. Им благодарам на Систина Офталмологија за гестот што го направија и што ми овозможија поглед како што не паметам дека сум имала.“