Садије Амази - Систина Офталмологија

Садиjе Амзаи (35 години) е медицинската сестра – инструментарка на Гинекологија и акушерство во Општа болница во Струга. Садије се ослободи од очилата кои и сметаа при работата со ласерската корекција на диоптрија за време на оваа пандемија.

„Се решив на овој зафат за време на целата оваа ситуација со КОВИД-19 затоа што знам дека тука сум сигурна и најважно, не сакав веќе да се малтретирам со очилата. Сѐ си тече кај вас во најдобар ред согласно сите протоколи и мерки на заштита.“

Проблеми со диоптријата имала веќе скоро 9 години и очилата и сметале во секојдневните активности, а особено при работа: „Ми се замаглуваа од маските што ги носиме во сала. Контактните леќи не ги одржував како што треба и не ги вадев редовно. На секој начин не можев да се привикнам на очните помагала. Сега, не можам да опишам колку сум среќна – конечно сум без очила и контактни леќи.“

Иако е медицинска сестра, сепак во улога на пациент на Садије и било страв дали ќе биде добро. Решавачка била средбата со медицинскиот персонал кој и влеал голема доверба:  „Дојдов на преглед, ама искрено ми беше многу страв дали ќе бидам добро. Решавачки ми беше контактот и поддршката на д-р Костовска, оптометристот Вида и мед. сестра Лилјана. Ми објаснија како изгледа интервенцијата и навистина така беше – кратка и веднаш успешна! Можам да функционирам секојдневно и асистирам при породувањата во болницата, без да се грижам дали ќе ми се замаглат очилата.“