IMG_2807
„Не очекував дека вакво нешто може да ми се случи во животот. На 65 години живеам втор живот благодарејќи на д-р Златко Арнаудовски и на целиот персонал во Систина Офталмологија.“
– ДИМИТРУЛА ЈОРДАНОВА – имплантација на мултифокални леќи

Димитрула Јорданова, 65 години по долго мачење со диоптријата и очните помагала, имплантираше мултифокалните леќи во Систина Офталмологија.

Димитрула од мала возраст се борела со високата диоптрија и била во постојана потрага по решение за диоптријата. На 34 години Димитрула оди во странство за да направи ласерска корекција на диоптрија, но ја одбиваат без дополнително објаснување. Тажна поради таа одлука, се враќа во Сиднеј и бара помош. Таму и препорачуваат да носи контакни леќи, но тоа сеуште не ја исполнило Димитрула, сакала целосно да ги отфрли очните помагала. На 60 години оди во очна клиника во Сиднеј за да имплантира мултифокални леќи, но и таму ја одбиваат, со објаснување дека е „стара“ за таа интервенција. По пандемијата се враќа во Македонија и во разговор со пријателка, добива совет да дојде во Систина Офталмологија како последна шанса за јасен вид. Денот на прегледот е денот кога се остваруваат соништата на Димитрула која ги имала од мала возраст. Д-р Златко Арнаудовски и ветува дека ќе гледа без очни помагала.

„Не очекував дека вакво нешто може да ми се случи во животот. На 65 години живеам втор живот благодарејќи на д-р Златко Арнаудовски и на целиот персонал во Систина Офталмологија.“ – вели Димитрула и со солзи во очите ни раскажува за нејзиното искуство. Погледнете го видеото и слушнете го искуството на Димитрула.