„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – беа зборовите на Игор Џамбазов кога замина од нашата болница.

Игор Џамбазов имаше созреана катаракта на левото око, за која без многу размислување ја довери на мајсторските раце на д-р Билјана Костовска. Имено, покрај тоа што беше отстранета катарактата, кај Игор е вградена мултифокална леќа со која се корегира и диоптријата. Станува збор за леќи кои овозможуваат вид на сите далечини (блиску, далеку и средна далечина).

Дека интервенцијата е брза и безболна се увери и самиот Игор, а неговото задоволство и среќа најдобро може да го видите од видеото кое го снимивме кај нас во операционата сала.

 

Совет за првичен преглед и/или дијагностика

во случај да имате иста или слична состојба:

Предоперативен преглед на катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

2.400,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.