Андре Арсовски својот прв преглед го направи во Систина Офталмологија во 2011 година кај д-р Билјана Костовска. 

„Кога го направив првиот преглед на свои 11 години, д-р Костовска ми препорача да носам очни помагала се додека не наполнам 20 години, а потоа може да размислам дали сакам да направам корекција на диоптрија. Ја послушав д-р Костовска, ги носев редовно помагалата, наполнив 20 години и дојдов на преглед за корекција на диоптрија.“

“Проблеми со диоптријата, имав постојано, како и сите – додека работам, додека шетам, не можев да препознаам лица на улица. Не размислив за друга болница бидејќи д-р Костовска ми остави силен и позитивен впечаток на искусен доктор, доктор на кого можам целосно да му верувам. И не погрешив во ниту еден момент. Услугата во оваа болница е на највисоко ниво, од прием до медицински персонал. Ви благодарам на прекрасното искуство, брзината и безбедноста која ми ја овозможивте.“

„Андре беше на преглед уште во 2011 година, кога започна со работа Систина Офталмологија. Пријатно се изненадив кога дојде и ми кажа: ‘Докторка, вие ми кажавте да дојдам откако ќе наполнам 20 години и да го отстраниме диоптерот. И еве јас дојдов.’  

Секогаш се трудиме да ги едуцираме пациенти да ги почитуваат дадените препораки бидејќи само на тој начин може навистина да се реши очниот проблемот во иднина. Очната состојба на Андре, како што и предвидовме, беше во ред, со тоа што едното око вградивме факична леќа, додека на другото беше извршена ласерска корекција на диоптрија. “ – изјави д-р Костовска

Му благодариме на Андре за укажаната доверба.