Со факични леќи се корегира висока диоптрија која не може да се корегира со ласерска корекција на диоптрија. Таков беше случајот со Зоран Јанчев чија диоптрија беше -9.75 и -7.50. „Многу ми пречеа очилата во мојата работа, бидејќи работам во фабрика па многу често во текот на работењето ќе ми паднеа, ќе се заматеше стаклото или некој несакајќи ќе ми ги удреше. Како замена за очилата носев леќи извесен период, но многу често имав инфекции па секој пат се ослонував повеќе на очилата и затоа направив преглед за ласерска корекција на диоптрија на кој се откри дека мојата рожница е претенка за да можам да направам ласер. Во консултација со докторите се договоривме дека најдобра опција за мене е вградување на ICL факични леќи. Ми беше страв, но се помина без никакви проблеми, видот ми беше матен, но наредниот ден ми се избистри. Се чувствувам многу убаво бидејќи веќе не сум зависен од очилата.“