Без разлика на сите опции на третман и моменталната ситуација Невена Тројанович (62 години) од Белград, со сигурност во професионалноста на нашиот тим за еден ден го реши проблемот со катаракта и се ослободи од диоптриските очила засекогаш!

„Не сакам да носам очила, не ги поднесувам и затоа од секогаш сум сакала да се ослободам од нив. Сега конечно, се ослободив од катарактата со мултифокална леќа и гледам одлично на сите далечини, дури и подобро од тоа пред да ми се појави диоптријата. Сум живеела на повеќе места низ светот како Дубаи, Кенија итн., а сега во Белград и сум видела сѐ ама од Систина Офталмологија просто сум воодушевена. Mе потсетува на болница на високо ниво.  Д-р Костовска има фантастичен персонализиран, пријателски и професионален однос. Се почувствував дека сум ценета, почитувана и во сигурни раце. Буквално ништо немаше потреба да прашувам што ми прават, ниту пак да истражувам и претходно да знам зашто се препуштив на систем кој работи беспрекорно и перфектно координирано.

Поради тоа што не ги сакам очилата дури пред 11 години направив ласерска корекција на диоптрија. Уживав во јасниот вид но со текот на годините, што е сосем нормално, ми се појави катаракта на двете очи и за жал крварење на едното око. Поради тоа што крварење во окото е итна состојба, морав да се оперирам навремено. Тој проблем го решив и ми преостана уште катарактата на другото око и моето патување низ очните болници заврши токму кај вас како број 1 болница во регионот. Многу ми е мило што се вратив во Белград безбедна, сигурна и воодушевена од целото исксутво и со видот кој го посакувам.“