Тоневска Драгица (55) од Скопје, ја направи операцијата на катаракта во Систина Офталмологија. Поради големиот диоптер кој наеднаш и се зголемил, одлучила да дојде во нашата болница.

„Отсекогаш сум имала проблеми со видот, носев наочари а диоптерот беше -7. Се навикнав и функционирав. Во еден момент наеднаш ми се влоши видот и кога дојдов на доктор ми кажаа дека диоптријата пораснала на -15 и дека имам катаракта која треба да се оперира. Се консултирав со неколку доктори кои ми рекоа дека можат да ме оперираат, но дека диоптријата ќе се намали за 3 или 4 диоптрии.“

„Единствено д-р Илир Османи ми кажа дека може да ме оперира и дека ќе немам никаква диоптрија. Уште од моментот кога дојдов во Систина Офталмологија, од пречекот на пултот до сестрите и докторот наидов на еден преубав и топол прием. Во текот на прегледите и операцијата со мене беше сестра Мила за која немам зборови да ја искажам нејзината емпатија и однос на една вистинска медицинска сестра. После целиот овој прием и разговорот со докторот кој ме смири, знаев дека ова е болницата каде што ќе ја направам мојата операција па макар и тука да се намалат само неколку диоптрии, а не сите како што ми кажа докторот.“ 

Сестра Мила и останатите медицински сестри биле постојано до Драгица, а за операцијата таа вели:

„Операцијата беше брза, се помина во најдобар ред. Јас сега немам диоптрија и како што раскажувам солзи ми доаѓаат на очи бидејќи докторот го одржа своето ветување, а јас го добив видот и многу повеќе. Сега можам сите мои активности да ги вршам без очила. Во Систина Офталмологија почувствував дека сите работаат како едно и со една цел, а тоа е ние пациентите да го решиме својот проблем и да се чувствуваме безбедно и пријатно. Огромна благодарност до целиот тим!“ – Драгица Тоневска.