
Нашата драга пациентка Елфете Браха е пресреќна затоа што гледа без проблем. Таа дојде во нашата клиника за да ја отстрани диоптријата. Согласно нејзината возраст; анатомијата на очите и нејзината желба за јасен вид на сите далечини – таа беше кандидат за вградување на мултифокални леќи со кои се корегира диоптријата на блиску, средина и далеку.
Елфете повеќе нема да има потреба од два пара очила за да гледа јасно.
„Пред 17 години забележав дека имам проблем со очите, како што поминуваа годините така растеше и диоптријата. Имав многу тешкотии во моето секојдневие.
На социјалните мрежи ја следев постојано ‘Систина Офталмологија’, така решив да дојдам на контрола кај д-р Илир Османи. Откако заврши контролата, докторот ме информираше дека во мојот случај потребно е да се вградат мултифокални леќи, а потоа ми објасни за сите детали околу оваа интервенција. Актуелната состојба со Ковид-19 за мене не претставуваше пречка за да ја направам интервенцијата зошто бев подготвена за тоа и за мене беше итна. ‘Систина Офталмологија’ беспрекорно и со максимална сигурност го организираше моето доаѓање од Приштина до Скопје. Истиот ден ја направија интервенцијата, која беше без болка, и јас со диоптрија -9 на левото око и -14 на десното око, не можев да верувам дека гледам без никаков проблем веднаш после операцијата. Благодарност до медицинскиот персонал, а особено до д-р Илир Османи, за неговата посветеност и професионализам.“