Деспина Јованова, 26 е добитничката на бесплатна ласерска корекција на диоптрија и воедно една од нашите задоволни пациенти по извршена интервенција од страна на д-р Фанка Гилевска.

Таа проблеми со диоптријата имала од нејзината 13 годишна возраст и цел живот имала желба за јасен вид без очила и леќи.

По интервенцијата таа вели дека нејзината долгогодишна желба благодарение на Систина Офталмологија и станала реалност и дека е среќна дека конечно ќе може да оди на одмор без очни помагала, само со очила за сонце.

Таа освен од позитивниот резултат од интервенцијата, вели дека била воодушевена од целиот персонал во Систина Офталмологија како и од д-р Фанка Гилевска, за која кажа е достапна за сите нејзини пациенти во секое време.

“Oд самото пристигнување во болницата бев воодушевена од целиот персонал, сите беа љубезни и насмеани не само кон мене туку и кон сите други пациенти и тоа ми овозможи чувство на сигурност и удобност.” – вели Деспина.

Погледнете го видеото да дознаете повеќе за нејзиното искуство со Ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.