„Најмногу ми пречеше што за време на натпреварите, не можев да го видам резултатот од таблата за натпревар. Не гледав добро на далеку, проблем ми беше забележувањето и читањето на предметите кои се подалеку од мене, како при возење, читање сообраќајни знаци.“

Жарко Арсовски (35 год.), долгогодишен репрезентативец и капитен на Македонската карате репрезентација, oженет и татко на две дечиња, ја направи ласерската корекција на диоптрија оваа година во јануари за време на пандемија.

Позади себе има многу успеси од кои бронза на Светско Првенство, повеќе пати освојувач на Светски Премиер Лиги и уште многу други успеси. Проблемот со диоптријата најмногу му пречел додека се натпреварувал и не го гледал самиот резултат на табелата. Тоа за него претставувало голем проблем.

За ласерската корекција на диоптрија дознал преку пријател којшто правел претходно ласерска корекција на диоптрија. Систина Офталмологија ја одбрал поради стручноста на докторите и убавите зборови кои ги слушнал на болницата.

Жарко Арсовски: “Стручноста на тимот на Систина Офталмологија е позната надалеку, посебно за докторката којашто ме оперираше д-р Фанка Гилевска. Да бидам реален, се чувствував сигурен да се оперирам и во време на Ковид-19, не размислував за пандемијата едноставно верував на протоколите, ги почитував и се пријавив. Персоналот во Систина Офталмологија професионално си ја вршеа работата околу сите Ковид-19 протоколи така што се си течеше како подмачкано.”

По 10 минутната интервенција, се вратил дома пресреќен што се ослободил од сите очни помагала. Слободата која ја почувствувал била непроценлива.

„После ласерската корекција на диоптрија конечно ги фрлив контактните леќи и очилата и почнав да функционирам нормално. Имав мали болки на денот после интервенцијата но ништо посебно. Ги слушам советите на докторката, користам вештачки солзи и редовно одам на потребните контроли. Едноставно сум пресреќен.“