
„Многу од моите пријатели во Белгија мислеа дека не е добро што тука ќе правам интервенција. Не се запознаени со здравството во вашата држава. Да бидам искрен и јас не бев. Но, кога почнав да истражувам, кога ве контактирав и кога дојдов и кога видов како се изгледа – подобро е од тоа што имаме во Белгија. Се чувствував безбедно од почеток до крај!“ – вели Мишел Артос.
Вакви коментари ни ги топлат срцата и не прават среќни. Мишел Артос се реши од очилата и диоптријата со ласерската корекција на диоптрија во нашата клиника.
„Мојата докторка е одлична. Д-р Викторија Филева е една од најдобрите во светот. Многу забавна и хумористична. Во текот на интервенцијата разговаравме како да сме на кафе. Се чувствував многу безбедно. Кога заврши со операцијата, докторката мораше да ми каже дека заврши затоа што јас мислев дека се уште не сме почнале.“- Мишел.
Слушнете ја целата изјава за неговите впечатоци и искуство во „Систина Офталмологија“.