Пациентка на преглед за ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија Битола.

Aнѓелка Ѓорѓиески (29) од Прилеп, приказната со нашата болница ја започна со преглед за ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија Битола. Анѓелка од мала се соочувала со висока миопија –4.50 на двете очи. Ова е нејзината приказна како се реши да ја направи ласерската корекција на диоптрија.

„Од многу мала возраст бев обврзана да носам очила и ограничена во изведување на своите активности. Пливање, трчање или било каква спортска активност претставуваа потешкотија, поради високиот диоптер. Уште од мала бев вљубена во музички инструменти и сакав да свирам поради што станав и наставник по музичко образование. Поради очилата имав мали потешкотии и во музиката.  Започнав да носам контактни леќи, а со контакните леќи започнаа и пукање на капилари, суво око, штипење во очите, кое стануваше се понеиздржливо.“

Иако сакала да ја направи ласерската корекција на диоптрија уште од помала возраст, сега во пандемијата одлучила дека е вистинското време да ги отстрани очните помагала.

„Како започна пандемијата, така започнав да ја отфрлувам идејата за носење очни помагала. Маската и очилата никако не одеа заедно во комбинација.“

Прегледот го направи во Систина Офталмологија Битола,  и беше пресуден во одлуката да ја направи ласерската корекција на диоптрија.

„За Систина Офталмологија слушнав од мои пријатели, кои имаа само пофални зборови. Навистина така и беше. Прегледите кај д-р Александра Гочева Јерчиќ во Систина Офталмологија Битола се одвиваа без проблем. Токму деталниот преглед ме охрабри да ја направам интервенцијата. Интервенцијата ја правев во Систина Офталмологија Скопје, каде што класичната музика и убавиот однос од сите вработени, ме направи да се чувствувам релаксирано.“

За самиот крај Анѓелка ви препорача:

„Ова е дефинитивно една од попаметните одлуки кои ги имам направено во мојот живот. Доколку имате проблем со диоптријата, не се двоумете, се помина во најдобар ред.“

И благодариме на Анѓелка за дадената доверба.