
Контактните леќи се феноменален изум за лица кои не сакаат да носат или пак не може да се навикнат на очила. Тие се дизајнирани да ви овозможат пријатно и лесно извршување на секојдневните обврски. Меките контактни леќи најчесто се направени од хидрофилна пластика – специјален вид на пластика која останува мека и влажна се додека впива вода. Ако носите меки контактни леќи најверојатно сте забележале кога ќе се исушат стануваат цврсти и создаваат чувство на страно тело во окото.
Правилно носење на контактни леќи, според препораките од офталмолог, се комбинирано носење на очила и леќи, при што леќите да се извадат по најмногу 8 часа носење.
Тоа е така бидејќи солзниот филм го влажни окото и ја храни рожницата со кислород. Со трепкање се лачат солзи, а кога окото е отворено доаѓа во контакт и со кислородот од воздухот. Кога спиеме, нема размена на солзи (затоа што не трепкаме), но исто така окото е затворено и размената на солзите е намалена. Спиењето со леќи, дополнително ја покрива рожницата и нема доволно кислород. Воедно, нема размена на солзи и страда од недостаток на кислород (хипоксија) и сувост.
- Корнеална неоваскуларизација – е состојба при која мали крвни садови растат во рожницата за да овозможат проток на кислород, а на тој начин се намалува проѕирноста на рожницата во таа зона. Оваа состојба се третира со кортикостероиди кои не смеат да се користат предолго поради нивните контраиндикации.
- Ерозии на рожницата – контактната леќа може да се зацврсти додека се наоѓа на вашето око кое може да доведе до создавање на мали ранички на рожницата. Оваа состојба се третира со антибиотик, забрана за носење на леќа и вештачки солзи кои поттикнуваат епителизација (зараснување).

- Корнеална неоваскуларизација – е состојба при која мали крвни садови растат во рожницата за да овозможат проток на кислород, а на тој начин се намалува проѕирноста на рожницата во таа зона. Оваа состојба се третира со кортикостероиди кои не смеат да се користат предолго поради нивните контраиндикации.
- Црвенило на очите, иритација, преосетливост, болка како и зголемена чувствителност на светлина.

Исто така, може да настане промена во структурата на рожницата што може да резултира со изместени вредности за вашата точна диоптрија и појава на цилиндер. Поради тоа, пред прегледот за ласерска корекција на диоптрија се препорачува да не се носат контакните леќи, од 3 до 7 дена, во зависност од нивната тврдина.
Многу е важно никогаш да не спиете со контактните леќи независно дали се меки или тврди. Постојат нови видови на контактни леќи кои се специјално дизајнирани за да може да се носат при спиење или за продолжена употреба – но пред да си земете сами на своја рака, консултирајте се со вашиот офталмолог дали тие леќи се добро решение за вас и вашата рожница.