Чен Ји (32) ја направи ласерската корекција на диоптрија во нашата болница. „Мои пријатели ми ја препорачаа ласерската корекција на диоптрија и ми кажаа да дојдам во Систина Офталмологија. Ја споредував Систина Офталмологија и истражував во повеќе држави за истата интервенција, но некако најкомплетна ми беше вашата болница. “

Најголем страв што го имала за ласерската корекција на диоптрија е да не и се случи истата случка како нејзината пријателка. „Стравот од интервенцијата потекнуваше од приказна на моја другарка, која е живее во Америка и таму ја направи ласерската корекција на диоптрија. Бидејќи е срамежлива, не им кажала на докторите точна информација како гледа поубаво и тоа го направиле само еднаш, без дополнителна провекра на самиот ден на интервенција како што прават тука. За жал, мораа да ја повторат интервенцијата поради погрешно мерена диоптрија. За разлика од нејзината случка, кога дојов на прегледот тука бев воодушевена. Траеше многу долго, и постојано ми објаснуваа што се случуваше и што проверуваат.  На почетокот имав малку страв поради мојата форма на очи, но д-р Фанка ми ги тргна сите стравови.“