Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Овој јануари направете промена само за себе. Време е да си го подарите јасниот вид кој одамна го посакувате.🎅

Ласерска корекција на диоптрија е кратка и безболна интервенција која трае само 5 минути од око, малку повеќе од времетраењето на вашата омилена 🎶песна🎶.

Кандидати за оваа интервенција се:

  • Лица од 18 до 40 години;
  • Лица со диоптрија од +6 до -10 диоптрии, и цилиндер (астигматизам)*;
  • Лица со стабилна диоптрија мин. 1 година;
  • Лица кои немаат други состојби на очите кои се контраиндикација за ласерската корекција на диоптрија.**

*Во одредени случаи, може да се корегира и повисока диоптрија од наведената доколку според останатите критериуми кои се проверуваат на прегледот најсоодветна метода за корекција на диоптријата кај пациентот е ласерската корекција на диоптрија.

** Други очни состојби кај кои не се препорачува ласерската корекција на диоптрија: кератоконус, катаракта, старосна диоптрија (пресбиопија), крварење во око.

🎅 Како до ласерска корекција на диоптрија?

1. Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Потребно е да се направи преглед за ласерска корекција на диоптрија кој трае околу два часа, поради сите испитувања кои се прават за точно да се утврди дали сте вие кандидт за оваа интервенција или пак друга метода за корекција на диоптрија е поосодветна за вас.

Прегледот се состои од:

  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои се уште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија.
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Пред самиот преглед, многу е важно да мирувате од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Доколку носите меки контактни леќи, потребно е да се мирува од нив мин. 3 дена пред прегледот, додека полутврди или тврди контактни леќи тогаш мин. 7 дена пред прегледот. Во меѓувреме може да се носат очила.

Доколку ви е потребна дополнителна информација или консултација за прегледот слободно контактирајте не телефонски или на нашите социјални медиуми (Facebook, Instagram)

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00 ден.

2. Ден на интервенција ласерска корекција на диоптрија

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути.

Во овој период се прави повторна проверка на состојбата на видот и окото на пациентот. Офталмологот повторно ги објаснува чекорите на интервенцијата.  Откако ќе поврди дека се е во ред и пациентот се уште сака да ја направи ласерската корекција на диоптрија, се капат анестетски капки и влегува во операционата сала.

Самата интервенција трае само 5 минути од око.

Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и пациентот не чувствува болка. Пациентот е буден и разговара со офталмологот и ги следи неговите насоки. На окото се става држач – оваа постапка е безболна, но можеби малку некомфорна. Таа служи да се задржат очните капаци. Пациентот има чувство дека трепка, иако тоа не го прави поради држачот. Потоа се креира флап на рожницата на окото на кое место се ласерира и отстранува диоптријата. Откако ќе се отстрани диоптријата, флапот се враќа во нормална положба. Оваа постапка е комплетно безболна.

Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место, независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот.

Погледнете ја ласерската корекција на диоптрија на Огнен Јанески која ја пренесувавме во живо на нашиот фејсбук профил.

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

*39.980,00

24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

*31.000,00

 24.800,00

*Акцијата важи до 31.01.2022 год.

3. По интервенцијата си одите дома само со очила за сонце

Периодот на адаптација односно постоперативна нега на ласерска корекција на диоптрија е од 3 до 7 дена.

Следниот ден е прва задолжителна контрола, а  следна контрола е после неколку дена врз основа на проценката на вашиот офталмолог. Овие прегледи служат за да се следи стабилизрањето (адаптирање) на вашиот вид и зараснувањето на флапот на рожницата.

Нормални реакции непосредно по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките кои ќе ги ставате помагаат во влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми.

Ограничувањата по интервенцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот. Многу се важни професијата и стил на живеење на пациентот. Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по втората недела, а шминкањето по третата.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Искуства на пациенти

Искористете ја празничната понуда и подарете си јасен вид!

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, контроли и терапија во следните три месеци.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00


Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

*39.980,00

24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

*31.000,00

 24.800,00

*Акцијата важи до 31.01.2022 год.