Слаѓана Петреска (25) ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија. Како студент и зависник од книги, најмногу диоптријата и пречела во учењето, а воедно и читањето на книги.

„Диоптријата најмногу ми пречеше при читање на далечина, чувствував притисок и болки во пределот на очите и имав чести главоболки. Претходно имав слушнато за ласерска корекција на диоптрија и Систина Офталмологија. Ги разгледував и другите опции кои нудеа ласерска корекција на диоптрија, но за Систина Офталмологија се одлучив поради многубројните добри препораки и задоволни пациенти. Како што напоменав и претходно, главоболките ми беа најголем проблем и причина поради која се одлучив за интервенцијата.На денот на интервенцијата во ниеден момент не почувствував страв бидејќи верував и знаев дека сум во сигурни раце на д-р Фанка и целиот стручен тим на Систина Офталмологија. Голема благодарност до нив. По ласерската корекција на диоптрија, веќе наредниот ден можев повторно да гледам како порано.“

Слаѓана задоволно ни раскажуваше за своето искуство во нашата болница. Воодушевена од видот без диоптрија, раскажа:

„Чувството по ласерката корекција на диоптрија беше неопосливо. Комплетно исчезнаа главоболки и ми беше малку чудно додека се навикнав на вид без диоптрија, без очни помагала и без главоболки. Пресреќна сум што можам повторно да гледам јасно. Ласерската корекција на диоптрија како и контролите ги правев за време на пандемијата, но и покрај тоа се чувствував безбедно и сигурно во секој поглед, бидејќи Систина Офталмологија како болница ги почитува и се придржува кон сите протоколи и мерки за заштита од ковид-19. Препорачувам на сите кои имаат било каков очен проблем што сакаат да го решат и во услови на пандемија да дојдат во Систина Офтамологија, бидејќи тие ги почитуваат сите мерки за заштита и се максимално посветени на секој пациент. Само пофални зборови, презадоволна сум од целата организација и тим.“