„Прегледите во Систина Офталмологија се одвиваа без чекање (важно за мене со оглед на обврските) ми оставија впечаток на стручност и сигурност и бев задоволен од резултатите. Односот од страна на на персоналот и докторката Гочева кон мене беше на највисоко ниво.“

Кирил Давков, адвокат од Битола, го направи својот преглед за ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија Битола. Диоптријата започнува да му се појавува во средношколските денови, кога забележува дека не може да прочита превод на телевизија, а понатаму и да му се мати на одредена далечина.

„Во текот на првата година од средно почнав да забележувам дека со потешкотија го читам преводот на телевизија па за краток временски период ми претставуваше проблем да гледам јасно на далеку. Секоја втора година мојот диоптер се зголемуваше, а веќе на факултет како да забележував дека после секоја испитна сесија ослабуваше мојот вид.“

Кирил факултетот го завршил во Грција и поголемиот дел од времето го поминувал над книга поради студирањето на грчки јазик. Кирил вели дека тоа придонело до често менување на диоптрија.

„Правниот факултет го завршив во Грција на Универзитетот Аристотели во Солун на кој универзитетската програма предавања и полагања се одвиваа на грчки јазик за што ми беше потребно долго седење, читање, преведување и учење денски и навечер. Исто така и понатамошното доусовршување како и мојата секојдневна работа бара постојано читање дали во книга или на компјутер.“

Проблемот со диоптријата започнува да му прави проблем и во приватниот и во службениот живот. Поради тоа одлучува да направи некоја промена во животот.

„Во секојдневието, за најобични секојдневни обврски, како и во работата, посебно последната година со задолжителното носење на маските, влегување од ладно на топло секогаш се замаглуваат очилата. При влегување во судот во зимскиот период влегувам со замаглени наочари и морам да ги извадам, бидејќи не гледам јасно кој треба да поздравам или одбегнам и кај ми се странките хаха. Исто така имав два пара на очила, едни за гледање и едни за сонце (со диоптер), па се случуваше да излезам со очила за сонце, а другите оставени дома или во кола, па за да гледам добро се шетав со очила за сонце навечер.“

Кирил прегледот го направи во Систина Офталмологија Битола.

„Дијагностичкиот центар во Битола првично го посетив за одредување на дипотрија пред две години и се одлучив бидејќи слушав за начинот на работа во однос на стручноста и покажаните резултати во Систина Офталмологија. Прегледите се одвиваа без чекање (важно за мене со оглед на обврските) ми оставија впечаток на стручност и сигурност. Односот од страна на на персоналот и докторката Гочева кон мене беше на највисоко ниво. Истиот впечаток го стекнав и во Скопје со доктор Фани и останатиот персонал за време на прегледите. Ми беше објаснето буквално се што ќе се случува и како ќе течат подготовките и пост интервентните обврски.“

Кирил ја направи ПРК методата со која ја отстрани диоптријата. Иако малку поболна од ЛАСИК методата, Кирил вели:
„После консултациите и после моето убедување дека нема опасност да се појават дополнителни проблеми бев решен да направам корекција на видот со било која метода и се она што ќе ми предложеа, бев решен да ги тргнам наочарите. Откако докторката Фани ми го објасни методот ПРК,  наредниот ден веќе се јавив да закажам термин за интервенција. И покрај поболниот метод ПРК за да се чувствувам и да гледам вака како што гледам сега би го повторил истото уште 10 пати.“

Чувството кое го имал по интервенцијата не може да ни го опише со зборови, за тоа Кирил вели:
„Чувството е неописливо. Ги гледам бројките на таблиците на возилата без да се мачам, контурите на возилата, преводот на ТВ, боите како да се избистрени и од поголеми далечини, лицата на луѓето ги препозавам и од поголеми далечини и дење и ноќе.“

За крај Кирил ви препорача:

„Би ви ја препорачал Систина Офталмологија поради чистотата (забележав дека во секој момент се врши дезинфекција на секоја машина, сестри доктори соодветно облечени почитување на новонастанатите правила за заштита од Ковид 19), стручноста, брзината, резултатите од работењето како и посебниот однос на персоналот и докторите.“

Му благодариме на Кирил за довербата.