Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Изјави на пациенти за ласерска корекција на диоптрија

Оваа болница за мене е синоним за доверба – Дарко Митрески

Помина се во ред, а следното утро кога стигнав во болницата бев среќен ко дете – пред да влезам во болницата прочитав реклама на голема далечина кое што не можев да го направам претходно ни со очилата!

Со овој тим интервенцијата од 5 минути траеше како 5 секунди – Александар Петровски

Самиот преглед и воопшто целото искуство во Систина Офталмологија направи да се чувствувам како да не сум во болница, особено д-р Фанка Гилевска која се однесуваше кон мене како пријател, а не доктор.

‘Наполнив 20 години и дојдов за операција, како што ми рековте пред 9 години’ – Андре Арсовски

„Кога го направив првиот преглед на свои 11 години, д-р Костовска ми препорача да носам очни помагала се додека не наполнам 20 години, а потоа може да размислам дали сакам да направам корекција на диоптрија. Ја послушав д-р Костовска, ги носев редовно помагалата, наполнив 20 години и дојдов на преглед за корекција на диоптрија.“

Еднократниот трошок превагна да ја направам оваа интервенција – Јордан Јанчевски

Kупувањето очила ми претставуваше трошок кој кога го споредив со цената на ласерската корекција на диоптрија излегуваше неколкукратно поголем. Пресудно да се решам беше едно видео за ласерска корекција на видот направена во Систина Офталмологија.

Од желба, до јасен вид без очила – Здравка Мирчевска

Здравка Мирчевска, добитник на дарувањето за бесплатна ласерска корекција на диоптрија, го раскажува своето искуство во Систина Офталмологија.

„Дојдов од Бујановац, само да ја направам ласерската корекција на диоптрија тука“ – Ледејна Алиу

Ледејна Алиу (22), од Бујановац, ја направи својата ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.

„Здравјето и грижата за пациентите во Систина Офталмологија е на прво место“ – Александар Давидовски

Дефинитивно се беше коректно од страна на вработените, се почитуваше секоја мерка. Дури и самата интервенција ја правев во период на пандемија, која што заврши секако безбедно.

„Толку гледам јасно, што мислам дека сеуште носам контакни леќи“ – Елида Џаферовска Аломеровиќ

„Бев зависна од очила и контакни леќи. Чувството на хендикеп и неможност да се функционира без очни помагала беше првиот чекор кон размислување за ласерска корекција на диоптрија.“

„Јасен вид без очни помагала и денови без главоболки“ – Слаѓана Петреска

Ги разгледував и другите опции кои нудеа ласерска корекција на диоптрија, но за Систина Офталмологија се одлучив поради многубројните добри препораки и задоволни пациенти.

„Вредеше, оваа одлука ми го промени животот“ – Надалина Араникова

На денот на интервенцијата повторно ми беа направени испитувања, операцијата траеше кратко, кога се исправив јас веќе гледав и тоа беше најемотивниот и најсреќниот ден во мојот живот.

„И покрај сите опции, се одлучив за квалитет и ја одбрав Систина Офталмологија“ – Чен Ји

„Мои пријатели ми ја препорачаа ласерската корекција на диоптрија и ми кажаа да дојдам во Систина Офталмологија. Ја споредував Систина Офталмологија и истражував во повеќе држави за истата интервенција, но некако најкомлетна ми беше вашата болница.“ – Чен Ји

„Додека се направи интервенцијата, веќе бев во авион за дома!“ – Младен Рафески

Младен моментално живее во Швајцарија и слушајќи од многу задоволни пациенти кои ја направиле ласерската корекција на диоптрија, решил да го отстрани својот диоптер.

„За своите очи, изберете ја Систина Офталмологија!“ – Кристијан Теодореску

Кристијан дошол во Македонија со својата сопруга, која е од Штип и сакал да го отстрани диоптерот. Кога слушнал дека во Штип се отвара Систина Офталмологија, не размислувале, веднаш го закажеле својот преглед. 

„Слободата која ја чувствувам по ласерската корекција е неопислива“ – Слаѓан Бојковски

Слаѓан Бојковски – проблемoт со диоптријата ми започнува во 2001 година, кога се појавија главоболки додека гледам телевизија.

Систина Офталмологија Битола – „Ласерската корекција на диоптрија ми овозможи повторно да се вљубам во музиката“ – Aнѓелка Ѓорѓиески

Анѓелка од мала се соочувала со висока миопија –4.50 на двете очи. Ова е нејзината приказна поврзана со ласерската корекција на диоптрија.

Ласерска операција на очи: „Транспарентното работење од ваша страна ми влеа доверба“ – Оле Галевска

За ласерска операција на очи знаев поодамна, меѓутоа не знаев дека кај нас се изведува. Сите препораки беа насочени кон Систина Офталмологија.

„Сега можам да ги распознаам моите странки во суд“ – Кирил Давков

Проблемот со диоптријата започнува да му прави проблем и во приватниот и во службениот живот. Поради тоа одлучува да направи некоја промена во животот.

„Се вратив конечно на својот поранешен изглед – лице без очила!“ – Тодорка Грозданова – Бакева

Проблемот започна кога не ги вадев моите контакни леќи. Буквално само спиев без нив. Хигиената која треба за одржување на контакните леќи е задолжителна. За жал, јас не обрнував голема внимание на моите контакни леќи и ми создадоа инфекција.

„Oд висока диоптрија до јасно гледање“ – Славчо Стојаноски

На денот на интервенцијата се чувствував како и секој друг ден. Доволно прочитав за да ја сфатам рутински интервенцијата, можеби под ласер тие 5 минути беа малку тензични, ама ништо страшно.

„Се оперирав за време на пандемија и сум пресреќна“ – Вероника Танеска

Се одлучив храбро и решително, без многу мислење, си реков: што побрзо, тоа подобро, а исто така следев некое гостување на вашиот директор, каде што детално, точно и прецизно ги опиша условите во вашата болница за време на пандемијата.

,,Сега можам да возам и да пливам без проблем“ – Ирена Магдеска

Брзината и професионалноста во Систина Офталмологија ме изненади. Исто така, и постоперативните прегледи кои јас ги правев во Битола беа брзи и ефикасни. Сега гледам јасно и чисто!

„По ласерската корекција на диоптрија и се вратив на мојата љубов – кошарката“ – Билјана Стојковска

Животот мора да тече и во време на пандемија, а за услугата, стандардите и третманот кој го дава вашата институција воопшто не се сомневав.

„Со пријателски однос со докторот ја надминав траумата“ – Викторија Ѓеорѓиевска

Само тој што нема диоптрија, не е свесен за каква радост станува збор, кога ќе станеш наутро и гледаш. Му благодарам на д-р Илир Османи поради кого ова искуство ми беше лесно.

„Луѓе, гледам кристално јасно!“ – Тинка Џинева

Луѓе, гледам кристално јасно! Мислам дека само луѓето што имале проблем со видот, па го решиле, можат да ја разберат мојата среќа и воодушевување.

„Kонечно можам да го видам резултатот од мојот натпревар” – Жарко Арсовски, репрезентативец во карате

По 10 минутната интервенција, се вратил дома пресреќен што се ослободил од сите очни помагала. Слободата која ја почувствувал била непроценлива.

„Прекрасно е чувството да се гледа како што никогаш не си мислел дека би било можно!“ – Сара Богданоска

Решив да направам ласерска корекција на диоптрија и ја избрав Систина Офталмологија. Можам да кажам само едно – ласерската корекција на диоптрија беше една од најдобрите одлуки што сум ги направила во мојот живот.

“Знаев дека мојот избор ќе биде Систина Офталмологија” – Дарија Драгшиќ

“Знаев дека мојот избор ќе биде Систина Офталмологија”

„И покрај опциите кои ги имам во Лондон, ја одбрав токму Систина Офталмологија“ -Катерина Смугреска

„Искрено, среќна и благодарна сум што ја направив ласерската корекција на диоптрија и топло ве препорачувам на мои познаници.“

„На операцијата ми беше многу интересно и лесно, се забавував како во диско!“ – Зрна Гарич

Операцијата беше прелесна и брза. Во операционата сала, и пред тоа имав
инструкции за сѐ од д-р Костовска, знаев што ми прави и затоа немав никаков страв. Уште утредента јас гледав одлично!

„Ви верувам и решив да ја направам интервенцијата, дури и во услови на пандемија.“ – Љеунит Дервиши

„Советувањето за ласерска корекција на диоптрија ми помогна да се решам да ја направам во услови на Ковид-19. Не можев веќе да чекам, за мене беше итно.“ – вака Љеунит Дервиши го започна разговорот со нашиот тим од PX Office за своето искуство со ласерската корекција на диоптрија во нашата клиника.

„Mамичка веќе не носи очила, не и требаат – гледа супер!“-Наташа Крстевска

Сега не можам да се препознаам. Ќерка ми по навика сега ми вика секое сабајле ‘Мамо, кај ти се наочарите, да не ги забораваш?’ ‘-‘Не, мамичка веќе не носи очила, не и требаат – гледа супер!’

“Се препородив!” – Ирена Пановска

Ирена Пановска (32 год.) направи ласерска корекција на диоптрија пред оптрилика една година. Нејзината диоптрија од минус 5.75 и минус 5.00 беше комплетно корегирана до нула.

Видео: „Во текот на интервенцијата разговаравме како да сме на кафе.“ – Мишел Артос

Во текот на интервенцијата разговаравме како да сме на кафе. Се чувствував многу безбедно. Кога заврши со операцијата, докторката мораше да ми каже дека заврши затоа што јас мислев дека се уште не сме почнале

„Со новиот вид се чувствувам како нов човек!“ – Димитар Радически

Димитар Радически (25 години) 2 години размислувал за ласерска корекција на диоптрија и конечно, во јули оваа година, ја направи. Сега се чувствува како нов човек. Баш ни е драго!

„Животот ми стана поедноставен“ – Моника Трпковска

Моника Трпковска е наша прекрасна пациентка која ја има направено ласерската корекција на диоптрија и отворено зборува за позитивните промени кои ги доживеа откако ја направи интервенцијата.

Огнен Јанески и ласерска корекција на диоптрија (видео од интервенција)

„Луѓе гледам! Преубо! Цело време читам билборди и натписи!“
Огнен Јанески ни ги довери своите очи и после долги години носење очила реши да ја отстрани диоптријата.

Заедно во сè: Владимир и Ана и ласерската корекција на диоптрија

Иако, нели, дамите имаат предност, Владимир прв влезе во операциона сала (така се договориле!) додека Ана трпеливо чекаше да ги види резултатите по интервенцијата.

“Се одлучив за вашата болница зошто имам целосна доверба во овој тим на колеги.”- Садије Амзаи

Садиjе Амзаи (35 години) е медицинската сестра – инструментарка на Гинекологија и акушерство во Општа болница во Струга. Садије се ослободи од очилата кои и сметаа при работата со ласерската корекција на диоптрија за време на оваа пандемија. „Се решив на овој зафат за време на целата оваа ситуација со КОВИД-19 затоа што знам дека [...]

Перо Антиќ на преглед за корекција на диоптрија

Неприкосновениот Перо Антиќ ја посети нашата клиника во Скопје за да провери дали е кандидат за ласерска корекција на диоптрија.