Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Изјави на пациенти за операција на катаракта

„Во Систина Офталмологија сите работат како едно и со една цел – задоволство на пациентите“ – Драгица Тоневска

“Во Систина Офтламологија почувствував дека сите работаат како едно и со една цел, а тоа е ние пациентите да го решиме својот проблем и да се чувствуваме безбедно и пријатно.”

„Не одете на друго место, ова е правото место за сите нас!“ – Дафина Јаневска

Операцијата на катаракта помина одлично, со разговор, со песни. Атмосферата беше толку пријатна што мислев дека се наоѓам на разговор, не на операција.

„Патот нека ве води кон Систина Офталмологија“ – Светлана Бобевска

Прочитајте што напиша Светлана Бобевска од Велес, на нашиот Facebook профил за нејзиното искуство со нас.

Успешни операции на преден и заден сегмент на окото после „играчка-плачка“ – Ристо Ѓорѓески

За прв пат Ристо ги доверува своите очи на д-р Османи во 2020 година, каде што се констатира дека има катаракта и поради ударот добил крварење внатре во окото.

„Возбудата oд моја страна, докторот со своите зборови ја претвори во убава атмосфера“ – Лила Гоцева

Операцијата беше одлична, со разговор, со песни. Атмосферата беше толку пријатна што мислев дека се наоѓам на разговор, не на операција.

„Систина Офталмологија е на исто ниво со американски очни болници“ – Лилјана Шапкар Сталевска

Лилјана левото око го има оперирано од катаракта во Америка. Споредбата која ја прави помеѓу Систина Офталмологија и Northwestern универзитетската болница во Чикаго, процесот, припремите и самиот тек на операцијата можете да слушнете во видеото подолу.

„Дојдов специјално од Белград во вашата болница, бидејќи знаев дека се препуштив на систем кој работи беспрекорно!“ – Невена Тројановиќ

„Дојдов специјално од Белград во вашата болница, бидејќи знаев дека се препуштив на систем кој работи беспрекорно!“

„Јас ја најдов златната рипка моја. Систина Офталмологија ми го врати видот.“ – Валентин Николоски

„Еден ден по операцијата, иако веќе од вчера тоа беше така, јас немам никакви проблеми и гледам како со наочари, би рекол. “

„После операцијата се чувствувам како од црно бел филм одеднаш почнувам да гледам HD филм во сите бои.“ -Розалија К. Василевска

„Изреката на д-р Златко Арнаудовски на вашата интернет страница: ‘Од сите права, најголемо е човековото право на вид.’ беше одлучувачка за да ја направам оваа интервенција во вашата болница.“

„Се чувствувам како нова благодарение на целиот тим“ – Ана Петрушевска

Овие три дена по операцијата на катаракта со интраокуларна леќа, гледам одлично. Се чувствувам како нова благодарение на д-р Костовска и целиот тим.

„Oд првиот момент кога татко ми излезе од операционата сала ми рече дека гледа!“- Селим Спаијоски

Додека разговоравме со Ислам за искуството на неговиот татко во нашата клиника и неговата состојба пред операцијата, во очите на Селим забележавме солзи радосници затоа што конечно гледаше многу добро.

„Сега гледам подобро благодарение на вас“ – Ванчо Михов

„Сега гледам подобро благодарение на вас. Можам да се вратам на секојдневните активности и да им помагам на внучињата при нивната игра и едукација, а дополнително и во домашните обврски на мојата прекрасна сопруга со која сум веќе 40 години во брак.“

„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – Игор Џамбазов

„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – беа зборовите на Игор Џамбазов кога замина од нашата болница.

„Многу благодарна на двајцата доктори кои се ангажираа како тим да ми помогнат повторно да гледам.“ – Костанда Чушкар

На 2-ти август, ден кој е врежан во нејзиното сеќавање, наеднаш го губи видот. После посети на неколку болници, доаѓа кај нас и тука останува.

„Ги отворив очите и гледав кристално јасно!“ – Љиљана Ѓошевска

Љиљана Ѓошевска (53 год.) направи операција на катаракта (перде) на двете очи во нашата клиника. Катарактата кај Љиљана се развива како последица на нејзината состојба – лупус (автоимуна болест).

„Прекрасниот тим на ‘Систина Офталмологија’ ми дадоа нов поглед“ – Живко Поповски

Живко Поповски (Цветин) има 75 години и направи операција на катаракта во нашата клиника.. Го сподели своето искуство кај нас во едно кратко видео.