Ласерската корекција на диоптрија влијае на луѓето како мотивација за промени кои водат кон подобар живот.
Истражувањата покажале дека по интервенцијата се забележуваат промени во:
  • мотивацијата (луѓето се желни да променат што е можно повеќе работи за подобар живот),
  • перцепцијата на реалноста (дури и ако квалитетот на очните помагала е висок, сепак постои разлика во тоа како изгледа светот кога човек го набљудува без контактни леќи),
  • личниот став кон се наоколу,
  • и се појавува потребата од преиспитување на избраниот начин на живот (здрава храна, нова фризура итн).

Според истражувањата: 97% од пациентите се задоволни со видот кој го добиле, додека 93% од пациентите се задоволни поради постигнување на своите цели по направената интервенција и повеќе од 97% веруваат дека квалитетот на нивниот живот е значително подобрен.

Подобар живот односно квалитетот на животот не е лесно да се подобри наеднаш, но неопходно е да се направи првиот чекор. Можно е да се користи ласерската корекција на диоптријата како составен мотив во животот и да се верува дека ако човек може самостојно да гледа на светот без очила или контактни леќи, постојат многу други аспекти од животот кои можат да претрпат промени. Се случува очилата или контактните леќи да ја искриват реалноста, а новиот изглед без очни помагала, помага да се сфати што не е во ред.

Подобрениот начин на живот е најпријатниот исход од ласерската корекција на диоптрија, а доколку личноста успее да постигне некои промени, успехот на ласерската корекција на диоптрија е оправдан.

Ласерската корекција на диоптрија се смета за едно од највозбудливите достигнувања во офталмологијата. Таа не е само вид на медицинска интервенција која има за цел подобрување на здравјето и видот. Таа е шанса да се оцени животот од нова перспектива и да се постигнат добри резултати на лично и професионално поле.