очила

На нашите офталмолози им е често поставувано прашањето: кој е ефектот ако не се носат очилата? Дали може да се влоши видот ако не се носат очила?

Најпрво ни се значајни причините поради кои на пациентите им сметаат очилата и не сакаат веќе да ги носат. Нашите офталмолози ќе објаснат детално за таа состојба, но доколку се настојува да не се носат, секако има разни методи за да се заменат очилата.

Дали видот може да се влоши ако не се носат очила?

Кај возрасните лица, постари од 20 години одговорот е не! Видот не може да се влоши доколку не се носат очила, но може да биде исцрпувачки. Очилата помагаат да се дојде до посакуваниот вид, но доколку не се носат може да предизвикаат главоболки, вртоглавици, матен вид, нема да може да се фокусира окото, ќе се гледа двојно.

Меѓутоа, кај децата тоа е поинаку. Ако детето има аметропија или страбизам, клучна е раната детекција. Бидејќи очите до 18-та година се развиваат, мора да им се даде потполната нега и грижа која е потребна во раните фази, инаку постои можност да не се развијат правилно.

Освен годините, кој вид на диоптрија има голема улога за тоа кои непосакувани симптоми ќе се појават?

Луѓето кои имаат миопија имаат проблем кога гледаат на далеку и можат да се фокусираат само на објектите кои се пред нив. Оваа состојба може да биде фрустрирачка поради тоа што не можат да препознаат личност која доаѓа од далеку или знак кој е поставен недалеку од нив.

Додека лицата кои се далекувиди, имаат проблем со фокусирање на предмети кои се пред нив. Тоа доведува до главоболки, вртоглавици и замор.

Дополнителни интервенции кои помагаат да ги отстраните очилата

Доколку сакате да имате остар вид, но да се ослободите од очила, постои ласерска корекција  на диоптрија. Ласерската корекција на диоптрија ослободува од очилата, преку брза, безболна интервенција која трае само 10 минути и уште истиот ден пациентот се враќа дома.

За лица над 40 години, се вградуваат интраокуларни леќи, кои ги ослободуваат од очилата засекогаш. Гледаат на сите далечини и не постои појава на катаракта по вградување на овие интраокуларни леќи.

Заклучок:

Во зависност од годините, потребата од очилата за читање ќе се зголемува со стареењето. Причината за користење на очила е да се гледа подобро и да се намали напрегањето на очите, што може да предизвика болки во очите, главоболки и замор. Не носењето на очила нема да наштети на видот. Можно е да се појават симптомите опишани погоре и да се борат пациентите со нив. Но, секако најубаво е да не се прави ова на своја рака и да се консултира со офталмолог.

Имаме само еден пар на очи, грижата за нив ќе ни отвори нов поглед кон животот. Доколку и понатака се двоумите дали да носите очила или не, советувајте се со нашите офталмолози. Најдобри резултати ќе ви покаже супспецијалистичкиот преглед, каде што детално се проверува вашата диоптрија вклучувајки ги  предниот и задниот сегмент.