Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Изјави на пациенти за корекција на диоптрија со вградување на факични леќи

„Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика.” – Биљана Ристовска

Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика – без заматен вид, а притоа на себе да немаш ниту очила ниту контактни леќи.

„Моралната поддршка која ја имав од тимот на ‘Систина Офталмологија’особено ми значеше“ – Висар Полику

Моралната поддршка која ја имав од тимот на ‘Систина Офталмологија’ и моето семејство особено ми значеше. Ова претставува неверојатно искуство за мене, беше апсолутно безболно и одлично функционира.

Донка Типоска Настова (вградување на факични леќи)

Донка Типовска Настова ни доаѓа од Тетово. Таа e една од добитничките на бесплатен преглед за ласерска корекција на диоптрија, на кој се утврди дека не е кандидат за ласерска корекција на диоптрија туку за вградување на факични леќи. На 29-ти јуни, како што и самата вели, ја разбуди другата во себе 😊

„Се чувствувам многу убаво бидејќи веќе не сум зависен од очилата“ – Зоран Јанчев

Со факични леќи се корегира висока диоптрија која не може да се корегира со ласерска корекција на диоптрија. Таков беше случајот со Зоран Јанчев чија диоптрија беше -9.75 и -7.50.