
Систина Офталмологија заедно со ИАПО го одбележуваат 3ти декември ден на Меѓународниот ден на солидарност на пациентите. Кампањата за меѓународниот ден на солидарноста за пациентите оваа година се одвива под мотото: „Пациентите заедно создаваат безбедна здравствена заштита“, а нејзина крајната цел е пациентите да станат свесни за своите права и за одговорностите за зачувување на своето здравје.
Токму денес, на денешниот состанок на Меѓународниот ден на солидарноста за пациентите се разгледува планот за безбедноста на пациентите на глобално ниво во наредните 9 години (2021-2030).
Визијата на овој план е свет во кој на ниту еден пациент нема да биде наштетено во грижата за здравјето и ќе чувствува емпатија, грижа, сигурност, насекаде и во секое време. Целта е оваа визија да ја поддржат властите насекаде во светот.
Мисијата е да се намалат или во целост eлиминираат сите видови на ризици и незадоволство кај пациентите, со истражувања базирани на наука, стратешки партнерства и фокус кон пациентот.
Систина Офталмологија уште од почетокот на своето работење и како поддржувач на Меѓународниот ден на солидарност за пациентите, секогаш го става пациентот на прво место и во фокусот.
Стратешки цели кои беа поставени на денешниот состанок се Политиката за елиминирање на штетите кон пациентот, високо доверлив систем, безбедност во клиничките процеси, ангажман на пациентот и семејството на пациентот, постојани обуки на здравствените работници, точно информирање и постојани истражувања.
Систина Офталмологија секојдневно ја создава и живее филозофијата на Patient Experience (PX), преку која секојдневно се живеат и стратешките цели и политики на работење на Меѓународната алијанса на организации на пациенти. Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти) функционира веќе неколку години и е прв од ваков вид во регионот. Преку овој центар болницата активно ги следи и аплицира најновите науцни знаења и пракси во здравствениот менаџмент. Тимот на професионалци од областа на здравствениот менаџмент, комуникациите, дигиталниот маркетинг и медицината, секојдневно ги креира, предлага и спроведува стратегиите и програмите, коорднинирани со клиничкиот дел од болницата, со што креира позитивна атмосфера и искуства за вас, нашите пациенти.